Групер и попустите немаат врска со муабетот. Жалбата треба да биде во некое тело за внатрешна контрола за здравството (ако постои такво нешто), или во државен пазарен инспекторат за недобивање на услугата која е платена. Всушност таму во државен пазарен инспекторат е најдобро да си праша, верувам дека ќе знаат каде да се обрати.
Работата е во тоа што кога плаќаш (со пари) за испитување во здравствена институција, треба да ги добиеш резултатите од испитувањето. Па макар и со попуст ако е платено. И сеедно ако некој некаде оценил дека „квантитативна вредност е занемарлива“. Или ако „апаратот сам не принта“, и слични недолични оправдувања за недавањето на услугата која чесно е платена.