Денес бев на испитување на срцето со помош на вртење на тоЧак(велосипед). Па тоа не било баш лесно. Јас мислам како дома што вртам на точакот и таму така, пошто пишува 10минутно вртење. Не знам што всушност мерат, само знам дека срцето се намерно оптеретува за да се виде колку може да издрже. Има 2 начина, првиот начин е вртење на точакот 10минути, постепено се појачува отпорноста на вртењето(потешко се врте), а вториот начин е срцето намерно да се оптерете со инекција(контраст) која ке го забрза на “вештачки“ начин за да се провери колку може да издрже. Мене ме испитуваа на првиот начин без инекција и можам да речам дека е доста напорно, потоа разбрав дека доста луѓе тоа не можат да го завршат и се одкажуваат прерано и потоа мора повторно да се провери на вториот начин. Јас јесте да не сум во најдобро физички подготвен, особено кондицијата во последно време ми е послаба поради промена на работа и недоволно активности, али мислам толку да сум се заморил не се сеќавам. Резултатите на крајот беа добри за среќа.