Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1615770 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг:
« Одговори #2101 на: 26 Септември 2016, 22:37:02 pm »

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4398
нормално,се пласира тоа што им одговара.а ако некоја мајка пише тоа и тоа се случи после вакцината,одма ќе и вратат дека не е од вакцината,они се безбедни,ти си секташка и антиваксерка,детето ти било нездраво,зашто не си го пазела,каква мајка си ти дрн дрн.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Проблемот е што на ваквите работи се гледа црно-бело.
Демек или си про-наука (про-глуп?) и тотално се согласуваш детето да ти го направат јастуче за игли и да му ставаат десетици а во иднина како што тргнала работата и стотици вакцини... Или си „антиваксер“ кој неќе да види ниедна вакцина (глуп, од спротивната страна).

Слабо се разбира дека човек може да биде некаде на средина. Да се согласуваш со вакцините за одредени потешки болести, но воедно да не се согласуваш бројот на задолжителни вакцини се повеќе и повеќе да расне и ретардирано да вклучува и вакцини за глупости како бебешки стомачен грип, кој единствена намена има да ги намали болничките посети од загрижените родители (пошто некој сметководител пресметал дека цената на вакцините е помала од болничките трошоци).


Линкот од Јаху неколку поста погоре, зборува за празноглава антиваксер домаќинка чии деца „страдале“ од Ротавирус. Ротавирус е заебан вирус кој предизвикува... дијареа.  ;)
http://www.mayoclinic.org/diseases-conditions/rotavirus/home/ovc-20186926

Реднек домаќинката погоре празноглава била кога станала антиваксер, празноглава ќе остане и сега кога е демек „про-ваксер“.
Сериозно, дијареа е заебана работа во земјите од третиот свет заради нехигиената и сиромаштијата. Но дали тоа е причина цел свет задолжително да се вакцинира од Ротавирус??

Е такви примери како вакцината со Ротавирусот има стотици, и за банални заболувања се прават задолжителни вакцини.
Вакцините реално имаат свој ризик фактор од несакани последици, и не сакам сега да детално да навлегувам во тоа која е димензијата на тој ризик, пошто тоа е предмет на големи несогласувања а заклучоците се донесуваат од необјективни регулаторни тела, и се изведуваат врз база на необјективно концептирани истражувања.


Мое лично мислење е дека ризикот од несакани последици од вакцините реално постои и дека тоа е нешто што треба да се прифати - но само во случаите кога станува збор за вируси кои предизвикуваат потешки болести.
Друг аспект на сето ова е дека ризикот од повеќе одделни вакцини се акумулира. Значи ризикот од една вакцина може да се спори дека е релативно мал (и неопходен), но кумулативниот ризик од десетици и стотици вакцини е и соодветно поголем (а згора на тоа и не е неопходен).

Присутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34296
  • Таков е животот... јебига
Апсолутно се сложувам, од А до Ш.
Тоа е баш така, особено во врска со вакцинацијата од банални заболувања. Тешка превара за богатење.

Отсутен TheForce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 546
Неписмени душбег родители strike again :)
http://sitel.com.mk/registrirana-magareshka-kashlica-vo-makedonija

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11063
  • Ќybriт Pro Max
Цитат
Опасната голема кашлица или кај народот позната како магарешка, регистрирана кај близнаци од Тетово и тримесечно бебе од Штип. Не примиле од задолжителната вакцина ДиТеПер која штити од оваа тешка заразна болест.  Според статистичките податоци,  последните години немало случаи на пертусис.  Педијатрите велат дека лекувањето трае долго, а комликациите можат да предизвикаат и фатален крај.

-Болеста е многу сериозна, пневмонии, менингит, епилептични напади и секако е најопасна за новороденчињата, вели др. Венера Митревска од диспанзерот за имунизација во пол. Букурешт

Лекарите признаваат дека последните неколку години има опаѓање на опфатот за имунизација, особено ревакцинациите. Родители не ги носат децата исплашени од пишувањата по интернет за наводни компликации по боцкањето.

-стенд уп Антивакциналните кампањи и одбивањето на родителите да ги заштитат децата, според лекарите ќе ги вратат опасните заразни заболувања кои во земјата се искоренети со години

Во билтените на Институтот за јавно здравје, постојано регистрираат случаи на заушки, морбили и хепатит Б, заболувања кои можат да бидат спречени само преку задолжителната вакцинација.

Отсутен lans

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Цитат
Опасната голема кашлица или кај народот позната како магарешка, регистрирана кај близнаци од Тетово и тримесечно бебе од Штип. Не примиле од задолжителната вакцина ДиТеПер која штити од оваа тешка заразна болест.  Според статистичките податоци,  последните години немало случаи на пертусис.  Педијатрите велат дека лекувањето трае долго, а комликациите можат да предизвикаат и фатален крај.

-Болеста е многу сериозна, пневмонии, менингит, епилептични напади и секако е најопасна за новороденчињата, вели др. Венера Митревска од диспанзерот за имунизација во пол. Букурешт

Лекарите признаваат дека последните неколку години има опаѓање на опфатот за имунизација, особено ревакцинациите. Родители не ги носат децата исплашени од пишувањата по интернет за наводни компликации по боцкањето.

-стенд уп Антивакциналните кампањи и одбивањето на родителите да ги заштитат децата, според лекарите ќе ги вратат опасните заразни заболувања кои во земјата се искоренети со години

Во билтените на Институтот за јавно здравје, постојано регистрираат случаи на заушки, морбили и хепатит Б, заболувања кои можат да бидат спречени само преку задолжителната вакцинација.
l
Vo biltenite na institutot postojano NE se registriraat nesakani posledici od vakcini.
VW Passat 2.0TDI 2015
Skoda Fabia 1.2TSI 110PS DSG7 2016
Honda SH150i  2020

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Филипова парафраза на Окамовиот принцип:

„Доколку некоја општествена појава не знаеш да ја објасниш без цапање у теорија на заговор, тогаш не ја разбираш доволно добро за да зборуваш за неа“

Присутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34296
  • Таков е животот... јебига
Филип, треба да бидеш среќен што постојат теоретичари на заговор, во спротивно сите би биле овци како во Северна кореа и диктатурата би била тотална (вклучително и комерцијална диктатура). Секоја теорија на заговор е теорија се додека не биде докажана. Така да секоја анализа се почнува во форма на теорија.... се додека не се докаже.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Филип, треба да бидеш среќен што постојат теоретичари на заговор, во спротивно сите би биле овци како во Северна кореа и диктатурата би била тотална

Напротив.

(вклучително и комерцијална диктатура).

А-у? Што чудо е ова? Не се доволно евтини производите на пазарот? Или нема доволно избор? Сите ставаат од адитивот XYZ234 во супата, па ти сакал-неќел мораш да го јадеш XYZ234 ако сакаш супа? На тоа мислиш?

Секоја теорија на заговор е теорија се додека не биде докажана.

За да биде теорија мора да биде докажана. Иначе нема да се вика „теорија“ туку „хипотеза“. И, да, повеќето „теории на заговор“ се всушност „хипотези на заговор“ за оние на кои не им е јасно точното значење на терминот „теорија“ (читај: мнозинството луѓе). Повеќето луѓе мешаат шпекулација и хипотеза со теорија.

Така да секоја анализа се почнува во форма на теорија.... се додека не се докаже.

Ц, теорија е многу зрел стадиум во развојот на анализата. Вака тоа иде некако (во научниот метод):

1. Прво имаш некој феномен кој не ти е јасен, а сакаш да го објасниш.

2. После едуцирано шпекулираш или нагаѓаш. „абе да не ова вака заради ова? или можеби заради она?“. Повеќето шпекулации ги отфрлаш бидејќи се во директна или индиректна контрадикција со некој порано докажан факт или апсолвирана теорија. Кога, после X обиди, конечно ќе исшпекулираш нешто што не се судира со ниту еден познат факт за природата и општеството, таа шпекулација ја промовираш во чин

3. Хипотеза. Хипотезата е потенцијална теорија. Хипотезата е нешто што треба да го потврдиме или отфрлиме со експеримент. Доколку хипотезата е таква што не е возможно да се потвдри или отфрли со експеримент, таа е unfalsifiable и одма ја фрламе у ѓубре како ненаучна и се враќаме на чекор 2. Доколку хипотезата не се согласува со експерименталните резултати, повторно, ја фрламе у ѓубре и се враќаме на чекор 2. Но, доколку хипотезата се потврди со експеримент, тогаш таа станува сериозен кандидат за „теорија“. Како таква се објавува и се нуди на колегите да ја проверат (т.е. самите да ги повторат експериментите или - уште поубаво - да смислат свои). Ако го помине и тој „филтер“, т.е. ако колегите научници кажат „хмм, има тука нешто, проверивме и ние и стварно така искача“ тогаш хипотезата станува

3. Теорија. Теорија е докажана хипотеза. Теорија е проверена ствар која може да се примени во праксата, т.е. со нејзина помош да се објаснуваат настаните во минатото и да се предвидуваат настаните во иднината. Ако не е докажано - не е теорија, по дефиниција.

Искрено се надевам дека трудот кој го вложив ова да го напишам нема да биде јалов и дека ќе ти помогне во иднина повнимателно и поточно да го користиш терминот „теорија“.

Ова беше научниот метод за објаснување на феномените. Набрзина ќе ти го скицирам заговарашкиот, „скратен“ систем за формирање светоглед. Овој метод е, навистина, многу побрз и многу полесен од научниот, но - за жал - сксес рејтот му тежнее околу 50%, т.е. точноста не се разликува од просто рандом кликање на мајмунче на понудените одговори: дури и ако некогаш на среќа ја потрефиш вистината - не праи многу разлика. Вака иде тоа отприлика:

1. Феномен кој бара објаснение.

2. Ако се инволвирани големи пари, големи фирми или америка - заговор. Све е тоа банкарско-еврејско-гуштерско масло. Готово. Објаснето. Крај.

3. Ако експериментите (мисловните или практичните) не се совпаѓаат со теоријата на заговор - просто ги игнорираш и одма идеш на следната точка. Aко теоријата е во контрадикција со некој претходно етаблиран факт - го отфрлаш претходно етаблираниот факт (кој, нели, и самиот е дел од заговорот!) наместо твојот обид за објаснување, ко што би требало.

4. Формирање „теорија“ (у наводници, пошто нема доказ). Таа ја нудиш на „проверка“ (т.е. одобрување) на истомислениците и - нормално - добиваш потврда „да, така е!“. На неистомислениците не само што не ја нудиш, туку активно избегнуваш аргументирана дебата бидејќи длабоко у себе знаеш дека вториот метод си го одбрал само затоа што не знаеш доволно и дека каква било сериозна критика ќе ти ја напри „теоријата“ парче (ова стручно се вика „когнитивна дисонанца“).

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6817
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Здравје, медицински установи, опрема и &
« Одговори #2111 на: 30 Септември 2016, 12:55:27 pm »
Најдобар, бравос.

Секоја чест филипе, отсега терминот ќе те викаме.





"земам пуканки и во исчекување на магистратура за терминот, термин"

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Упорното одбивање на соочување со фактот дека „таванот“ на знаењето е недостижен за било кого, во комбинација со неможноста за оттргнување од слепата верба во системот на која темелно не учат од мали, плус некои други фактори за кои сега ме мрзи да пишувам... Сето тоа некои ги прави исклучително подложни на сите форми на манипулација со кои системот ја држи популацијата под контрола. Вклучително и на било каква форма на критика на нормите кои ги налага системот.


Патем, тука е неможноста да се прифати фактот дека философирањето од аспект на неговата научната вредност, денес е само малку пософистицирана форма на „маалски муабет уз семки пред кооперација“.  ;)
Е токму тоа е добар пример за е спомнатата когнитивна дисонанца на која најпосле сите сме подложни, некои повеќе некои помалку, но најмногу тие што слепо веруваат во системот, без разлика на кој правец од светото тројство се клањаат: религијата, државата, или државната наука („наука“ етаблирана исклучиво врз оние сознанија кои носат заклучоци кои целосно одговараат на потребите на системот).

Присутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34296
  • Таков е животот... јебига
Одличен пост ФилипВ, благодарност за напишаното.
Иако се разликуво од дефинициите кои јас ги знам, би рекол дека тебе повеќе ќе ти верувам пошто тебе тоа ти е струка.
Јас уствари погрешно сум го користел терминот теорија наместо теза според твојава дефиниција. Но сепак стојам на пертходно кажаното. Мора да постои некаков сомнеж за да се јави интерес за анализа, со оглед на тоа колку науката греши во избрзаните заклучоци и колку само пари и енергија се троши во измислување приказни за да се протне нешто во јавноста што инаку не би имало шанса да се протне, со други зборови СЕ ЛАЖЕ на големо за се и сешто.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одличен пост ФилипВ, благодарност за напишаното.

фала! (bowing)

СЕ ЛАЖЕ на големо за се и сешто.

Токму затоа е неопходен доверлив систем на проверка, т.е. некаков критериум на вистинитоста кој може да биде само лично интимно твој, но - сеедно - мора да го има.

Ама не може системот да биде „аха, ова се согласува со моите претходни убедувања, значи вистина е“. Тоа не е никаков систем. Така све и свашта ќе те уфуруваат дека е вистина или, уште полошо, дека „има нешто тука ама не занима многу“ (ова е уште погадно пошто е ем суптилно ем масовно на цело село)

Секој возрасен маж мора да научи да прифаќа дека некои од неговите најдлабоки уверувања биле цело време погрешни. Тоа не е ништо срамотно. Тоа е нужна фаза на личното созревање. Само храбро!