Филип, треба да бидеш среќен што постојат теоретичари на заговор, во спротивно сите би биле овци како во Северна кореа и диктатурата би била тотална
Напротив.
(вклучително и комерцијална диктатура).
А-у? Што чудо е ова? Не се доволно евтини производите на пазарот? Или нема доволно избор? Сите ставаат од адитивот XYZ234 во супата, па ти сакал-неќел мораш да го јадеш XYZ234 ако сакаш супа? На тоа мислиш?
Секоја теорија на заговор е теорија се додека не биде докажана.
За да биде теорија мора да биде докажана. Иначе нема да се вика „теорија“ туку „хипотеза“. И, да, повеќето „теории на заговор“ се всушност „хипотези на заговор“ за оние на кои не им е јасно точното значење на терминот „теорија“ (читај: мнозинството луѓе). Повеќето луѓе мешаат шпекулација и хипотеза со теорија.
Така да секоја анализа се почнува во форма на теорија.... се додека не се докаже.
Ц, теорија е многу зрел стадиум во развојот на анализата. Вака тоа иде некако (во научниот метод):
1. Прво имаш
некој феномен кој не ти е јасен, а сакаш да го објасниш.
2. После едуцирано
шпекулираш или нагаѓаш. „абе да не ова вака заради ова? или можеби заради она?“. Повеќето шпекулации ги отфрлаш бидејќи се во директна или индиректна контрадикција со некој порано докажан факт или апсолвирана теорија. Кога, после X обиди, конечно ќе исшпекулираш нешто што не се судира со ниту еден познат факт за природата и општеството, таа шпекулација ја промовираш во чин
3.
Хипотеза. Хипотезата е потенцијална теорија. Хипотезата е нешто што треба да го потврдиме или отфрлиме со експеримент. Доколку хипотезата е таква што не е возможно да се потвдри или отфрли со експеримент, таа е unfalsifiable и одма ја фрламе у ѓубре како ненаучна и се враќаме на чекор 2. Доколку хипотезата не се согласува со експерименталните резултати, повторно, ја фрламе у ѓубре и се враќаме на чекор 2. Но, доколку хипотезата се потврди со експеримент, тогаш таа станува сериозен
кандидат за „теорија“. Како таква се објавува и се нуди на колегите да ја проверат (т.е. самите да ги повторат експериментите или - уште поубаво - да смислат свои). Ако го помине и тој „филтер“, т.е. ако колегите научници кажат „хмм, има тука нешто, проверивме и ние и стварно така искача“ тогаш хипотезата станува
3.
Теорија. Теорија е
докажана хипотеза. Теорија е проверена ствар која може да се примени во праксата, т.е. со нејзина помош да се објаснуваат настаните во минатото и да се предвидуваат настаните во иднината. Ако не е докажано - не е теорија, по дефиниција.
Искрено се надевам дека трудот кој го вложив ова да го напишам нема да биде јалов и дека ќе ти помогне во иднина повнимателно и поточно да го користиш терминот „теорија“.
Ова беше научниот метод за објаснување на феномените. Набрзина ќе ти го скицирам заговарашкиот, „скратен“ систем за формирање светоглед. Овој метод е, навистина, многу побрз и многу полесен од научниот, но - за жал - сксес рејтот му тежнее околу 50%, т.е. точноста не се разликува од просто рандом кликање на мајмунче на понудените одговори: дури и ако некогаш на среќа ја потрефиш вистината - не праи многу разлика. Вака иде тоа отприлика:
1. Феномен кој бара објаснение.
2. Ако се инволвирани големи пари, големи фирми или америка - заговор. Све е тоа банкарско-еврејско-гуштерско масло. Готово. Објаснето. Крај.
3. Ако експериментите (мисловните или практичните) не се совпаѓаат со теоријата на заговор - просто ги игнорираш и одма идеш на следната точка. Aко теоријата е во контрадикција со некој претходно етаблиран факт - го отфрлаш претходно етаблираниот факт (кој, нели, и самиот е дел од заговорот!) наместо твојот обид за објаснување, ко што би требало.
4. Формирање „теорија“ (у наводници, пошто нема доказ). Таа ја нудиш на „проверка“ (т.е. одобрување)
на истомислениците и - нормално - добиваш потврда „да, така е!“. На неистомислениците не само што не ја нудиш, туку активно избегнуваш аргументирана дебата бидејќи длабоко у себе знаеш дека вториот метод си го одбрал само затоа што не знаеш доволно и дека каква било сериозна критика ќе ти ја напри „теоријата“ парче (ова стручно се вика „когнитивна дисонанца“).