Толкава дискусија за топломери, сериозно? Тотално сум со Мечето во поглед на ова прашање. Како родител ако не можеш да си го познаеш детето кога е малаксано, поспано, со усвитени очи, зацрвенети образи, нерасположено, плачливо,кинкаво, без апетит, значи или не си го знаеш доволно или не му приметуваш доволно внимание. Или доволно е да ставиш рака на чело за да приметиш дека е топло. Еве ние дома сме три лекари па немаме таков дигитален топломер, на работа работам со претежно детска популација и не користам дигитален исто. Не менува ништо дали има 39,2 или 39,3. Не ве прави тоа подобар родител ако фрлате повеќе пари за дете од другите родители. Потрошете ги подобро на поквалитетни пелени, соковник за да му правите свежи сокови, памучна облека, еднаш годишно одмор на на море и планина итн.