Не за џабе рекле лекот е пет пари ама човек треба да го знае. Некад и најскапите лекови се џабе.
Саглам испонастинав периодов, затнат нос, кашлица сува. Пушач сум, откако го изиритирав грлото и плуќата со кашлање почна се повеќе и повеќе да ме тера.
Пиев риностоп апчиња, купив сируп јак за возрасни. Ништо џабе. Само за носот ми помогнаа. Кашлицата уште присутна. Се искинав од кашлање деновиве. Се сетив дека еднаш прочитав за еден напиток кој ми помогна пред година две и си направив одма, по само 1 чаша се осеќа одма дека иде на подобро. Се пие најубаво пред спиење, најмалку 5-6 пати/дена. Али може и преку ден ако не пиете нешто друго после тоа.
Лекот против кашлање, суво па и продуктивно е следен:
-Чаша млеко топло, 250 мл.
- 1 лажица путер
- 1 лажица мед.
- 1 изматена жолчка од јајце, одвојте ја белката.
1- 1/4 лажиче сода бикарбона.
Путерот најубаво да го стопите додека се топли млекото. Не мора претерано да е жешко. Потоа се додаваат другите работи се промешува и се пие, не на екс постепено. Нема многу пријатен вкус, малку е соленикаво од содата ама чудо е. ЧУДО! Најкомплицирана кашлица ќе ја снема, кашлица што антибиотик не ја решава.