Конкретно во Куманово, последна снимка што имав контакт со неа беше без софтверче
При снимање, софтверот под дифолт е наместен да го става софтверчето. Постои опција да го одштиклираш и да не биде снимено.
Незнам кој ти го режел ЦД-то, но веројатно го одштиклирал тоа.
Моментот ми беше дека се инсталира нова опрема.
Точно е дека никој не гледа какви и колкави тековни одржувања има опремата.
Компарацијата со колите и не е баш адекватна, но ајде, нека е и така.

Од моја страна, односно од страна на
www.expecta.mk се трудиме да работиме по стандарди исто како и во Германија. Имаме фулл сертификати, единствени сме во Македонија, школувани во тренинг центарот на Сименс во Ерланген, Германија.
Еве ке ти кажам на кратко и зошто. Алатот, рачниот, со кој работиме чини околу 1500 евра. Wiha, UNIOR, Bahco.
Имаме 4 момент клучеви.
Инструментите кои ги имаме севкупно чинат околу 10к евра.
Само осцилоскопот ни е 3500 евра. Oпремата е Fluke.
Но се би било залудно да имаме и алат 6 пати поскап ако не знаеме да го користиме.
До сега сме се изградиле и како фирма и како сервисери и како продавачи.
Се она што е направено и наместено од наша страна е максимално професионално.
Слободно погледни ја галеријата на сајтот погоре. Тоа се само 2% од наместените апарати.
Во периодот кој следува имаме доста инсталации. Полека ке апдејтирам за опремата.
Чисто колку да имате представа дека има апаратура, но за жал има се помалку кој ке работат и користат опремата.
Далеку сме ние од запад за да имаме HIS системи по болниците, но ке биде и тоа се надевам.

@ARMEX
Јас секогаш им велам дека во корист ми е кога одам и гледам искршени делови од апаратот, скршен монитор што стои на биро, одкорнати конектори. Апла механички оштетувања. Точно дека ми е во интерес да продадам што повеќе резервни делови, впрочем од тоа вадам плата.
