Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1817093 пати)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Машала, машала отелио се зекоња :D Ајде аирлија нека е!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Да ти е кеиф рак да фатиш....

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Опремата е супер, проблем се македонските стручњаци што ќе ја расипат за брзо време. Среќа за тебе, пак ќе имаш работа.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5383
Најжално во целата приказна е што веќе не остана никој во оваа таканаречена држава за да ја работи опремата. Секој кадар што го бива веќе има фатено пат под нозе, а останатиот способен бара начин да избега....

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6213
  • 69
Не е баш така.
Радиолошки технолози има многу кај нас. Има доволно.
Апаратите им се 100% автоматизирани. Се е софистицирано на нив.
Дури и јас како најнеписмен за таа работа ке направам снимање. Само треба да отворам една мала брошура и да ја пролистам. Се е убаво напишано.
Доколку стануваше збор за постари апарати каде се е аналогно, во тој случај технолозите треба да знаат се за нивната професија. И многу повеќе.
Се е до човекот, кој колку ке се труди и кој колку сака да научи.
Инаку што се однесува до одењето надвор од државата со таа професија, и не е баш едноставно.
Кај нас не важи ни еден од законите ниту во ЕУ, ниту во Германија, а да не ја спомнувам Америка...
Да отидеш таму со таков занат, треба да се окозиш за да го работиш истото.
Прво мораш да полагаш испити за јазикот, значи официјално да го познаваш, потоа да дополагаш и да добиеш диплома, има околу 10-тина испити или помалку, не ме земајте за збор и на крајот треба да добиеш сертификат за работа.
Специфична е радиографијата како област. Изложен си на зрачење, што радиоактивно, што електромагнетно, итн итн...
:)

А иначе има спремни деца, се бројат на прсти, али ги има...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Пуштете превод. Ако знаете француски исто така супер.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI

Me потесеќа на Шрајк, од Хиперион СФ трилогијата...

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одиме со нова опрема. Министерството за здравство, Владата на РМ и јебем ли га уште кој, а и не ме ни занима, инвестираат во нова опрема во здравството. Дај боже да се набават уште 50 овакви апарати за дијагностика.
Денеска однесен а веќе уште од утре или задутре ке се започне со монтажа на нов апарат за компјутеризирана томографија во Здравствен Дом - Јане Сандански, населба Аеродром.
Се работи за ново 16 слајсно CT, Siemens.
Со оваа инвестиција се растеретува здравството, односно пациентите побрзо ке можат да закажуваат снимање со компјутеризиран томограф. Нека им е честито и со среќа.
Инаку информацијава оди промотивно и ексклузивно на форумов :)
Премиерот ке го отвара незнам кога, коа ке биде готов.

Растоварање на пакетот со гентрито:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Компјутерот изгледа овака со транспортните тркала :)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Пациентската маса:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Кога ке го измонтираме, ке ви пуштам слики, да видите како изгледа германска софистицирана опрема монтирана од македонски инженери во македонска околина :)

Нека го оправат прво компјутерот во Општа Болница Куманово, нека им распишат тендер за филмови (резултати од нативна се даваат стриктно на цд во DICOMDIR формат) па после нека се фалат на други места. Во државна кога студирав на времето им стоеше со месеци пред хирургија вака неотпакуван на отворено. А да не зборам за тоа кој ќе чита снимки, кога на близок роднина во државна му превидоа карцином на бели дробови со димензија на компир, што не мора да бидеш ЛЕКАР за да го познаеш.
Зини да ти кажу.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9521
Пробај термин да добиеш за било кое снимање каде што ги има поновите апарати и препарати како контраст па ке видиш.

Џабе е се без ред кога е

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6213
  • 69
Нека го оправат прво компјутерот во Општа Болница Куманово, нека им распишат тендер за филмови (резултати од нативна се даваат стриктно на цд во DICOMDIR формат) па после нека се фалат на други места. Во државна кога студирав на времето им стоеше со месеци пред хирургија вака неотпакуван на отворено. А да не зборам за тоа кој ќе чита снимки, кога на близок роднина во државна му превидоа карцином на бели дробови со димензија на компир, што не мора да бидеш ЛЕКАР за да го познаеш.

Нема кој да го оправа. Јас и колегата сме тие кои треба да го поправат. Тоа не зависи од нас. Зависи од директорот, министерство за здравство и еден куп околни главучи.
Тендер треба да помине...На него се појавуваат два пати фирми кои не се овластени за сервисирање на компјутеризирани томографи, + немаат сертифицирани сервисери, + не се ексклузивни застапници за Сименс.
Значи апаратот треба да го поправи овластен сервис. Тоа сме ние, односно нашата фирма кога ке не изберат на тендер.
Два пати тендерот пропаѓа заради тоа што некој сака да направи да добие градежна фирма. Не е тоа туш кабина за да се намести и да монтираш чешма.
Тоа е опрема која чини неколку иљадници евра.

Инаку во медицината се користи DICOM формат на слики. Не е ова фотошоп па ти да си играш со јпг или пнг. Си постојат стандарди.
Недавањето на РТГ филмови зависи повторно од процесот на дигитализација кој што вика се да се снима на ЦД, а филмовите полека да одат во историја.
Инаку DICOM CD-то снимено на Сименсовите апарати има и вјуер со него, така да кога ке го ставиш во било кој компјутер можеш да ги гледаш сликите.
Така да не ти треба ниту софтвер ниту ништо за да видиш што те интересира.

Во дијагностика односно читање на слики не се мешам. Стручноста на докторите си е друга работа.

Апаратите се ТОП.
Единствена нација која е се нешто незадоволна со апаратурата се македонците.
Апаратите се користат во цел свет, а само кај нас се жалат дека се нешто не им чини. Никаде на друго место.
Апарат монтиран пред година ипол, најсофистициран дигитален рендген со дигитални детектори и комплетно автоматизиран личи на апарат кој има 60 години експлоатација.
Ниеден од вработените не се труди да сочува нешто. Не сакам да коментирам каде е и што е, само да напоменам и да кажам.

Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9521
Се согласувам комплетно со тебе, тоа е тоа

Сале, немој да мислиш дека директно тебе те напаѓам за нешто. И ти секако сакаш да имаш контакт со најмодерна медицинска технологија, да ја пушташ во погон, да ја одржуваш и да се унапредуваш во поглед на тоа. И јас сакам да имам можност да праќам пациенти да се снимаат на неа, а кој знае може еден ден и да бидам во директен контакт со таква опрема. Друго е проблемот. На пример кога купувам кола, размислувам и за одржувањето на таа кола, колку ќе чини тоа, кој ќе ја вози, како ќе ја вози, непредвидени кварови, каде ќе ја чувам итн. итн. Ама некој главуч за нешто многу поскапо и пософистицирано кое е всушност заедничко добро, а не приватна сопственост и каде секаде во светот е стандард да се има на одредена бројка на жители одлучува дека најбитно е кога министарот ќе помине да пресече лента и каде се ќе се пофалат а за понатаму друг некој нека му ја мисли. За тендерите не знам, не ни сакам да знам со кој критериум се водат.

За диком.дир ќе кажам само дека дигитализацијата е изводлива преку K-PACS софтвер на ниво на цела болница и на ниво на комуникација примарно-секундарно-терциерно здравство. На тој што му текнало за цдеата треба да се убие. Ако веќе му даваш резултат на пациентот во раце, дади му како што треба за да може да се шета на раат со него (како што е во реалност) или да бидеме како на запад, пациентот да нема контакт со резултатот туку директно да стигнува тој кај неговиот матичен. Конкретно во Куманово, последна снимка што имав контакт со неа беше без софтверче
« Последно менување: 17 Септември 2015, 22:08:33 pm NeVeNR »
Зини да ти кажу.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Опремата е супер, проблем се македонските стручњаци што ќе ја расипат за брзо време. Среќа за тебе, пак ќе имаш работа.

Сале, како што реков.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6213
  • 69
Конкретно во Куманово, последна снимка што имав контакт со неа беше без софтверче
При снимање, софтверот под дифолт е наместен да го става софтверчето. Постои опција да го одштиклираш и да не биде снимено.
Незнам кој ти го режел ЦД-то, но веројатно го одштиклирал тоа.

Моментот ми беше дека се инсталира нова опрема.
Точно е дека никој не гледа какви и колкави тековни одржувања има опремата.
Компарацијата со колите и не е баш адекватна, но ајде, нека е и така.
:)

Од моја страна, односно од страна на www.expecta.mk се трудиме да работиме по стандарди исто како и во Германија. Имаме фулл сертификати, единствени сме во Македонија, школувани во тренинг центарот на Сименс во Ерланген, Германија.
Еве ке ти кажам на кратко и зошто. Алатот, рачниот, со кој работиме чини околу 1500 евра. Wiha, UNIOR, Bahco.
Имаме 4 момент клучеви.
Инструментите кои ги имаме севкупно чинат околу 10к евра.
Само осцилоскопот ни е 3500 евра. Oпремата е Fluke.

Но се би било залудно да имаме и алат 6 пати поскап ако не знаеме да го користиме.
До сега сме се изградиле и како фирма и како сервисери и како продавачи.

Се она што е направено и наместено од наша страна е максимално професионално.
Слободно погледни ја галеријата на сајтот погоре. Тоа се само 2% од наместените апарати.
Во периодот кој следува имаме доста инсталации. Полека ке апдејтирам за опремата.
Чисто колку да имате представа дека има апаратура, но за жал има се помалку кој ке работат и користат опремата.

Далеку сме ние од запад за да имаме HIS системи по болниците, но ке биде и тоа се надевам.
:)

@ARMEX
Јас секогаш им велам дека во корист ми е кога одам и гледам искршени делови од апаратот, скршен монитор што стои на биро, одкорнати конектори. Апла механички оштетувања. Точно дека ми е во интерес да продадам што повеќе резервни делови, впрочем од тоа вадам плата.
:)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер