Пред некое време прашав, ај сеа пак...
Ако можете, вие кои имате склучено договор со банка за матични клетки, да ми кажете некои детали у врска со договорот, условите, начини на плаќање и ете, зошто сте се одлучиле за таа банка?
Јас обој месец завршив со плаќањето за матични клетки во Cryo Safe. Јас кога бев на разговор имаше некој попуст и можност за плаќање на 12 рати без камата, доаѓаше рата околу 160 евра. Ние зачувавме и крв и ткиво, дамо крв е поефтино. А нив ги одбравме бидејки како што чиатавме по форуми, биле најстара банка за матични клетки во европа и кај нас имаа мислам најмногу клиенти. Ако те интересира нешто што не сум пишал слободно прашај....
Фала за одговорот.
Ако може, ако уште се сеќаваш, да ми посочиш на кои се' форуми сте барале овој вид на информации? Јас дознав нешто, мање-више истото од ова што ми го кажуваш сега, плус, најдов некоја презентација од конференција во Остин, Тексас, каде што беа наведени најдобрите 10 банки за матични клетки. Разбирливо дека првите неколку места беа за банки базирани во САД, меѓутоа позитивно беше што на 6то место беше Cryo Save. Не сум успеал да најдам било какви порелевантни информации за другите банки кои нудат услуги кај нас.