Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1808493 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
При боледување не се бројат работни и неработни денови. Само денови. 7 календарски дена значи.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Фала многу за инфото Дени, 8-9 години работам но никогаш не сум имал потреба од ова ама сега ке морам!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Нема проблем, си требал да си ги користиш и до сега.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Вторпат ке ми биде, не сум невин, минатиот ми го набутаа до 12 палечно :)

Редовна колоноскопија според препораките на лекарите може да спаси живот... особено кога исхраната е воглавно скара, алкохол и бел леб, а понекогаш, ретко, сурово овошје и зеленчук.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Данкешен, бтв ми следи терапија од 2-3 месеци па повторно една ендоскопија.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Вторпат ке ми биде, не сум невин, минатиот ми го набутаа до 12 палечно :)

Редовна колоноскопија според препораките на лекарите може да спаси живот... особено кога исхраната е воглавно скара, алкохол и бел леб, а понекогаш, ретко, сурово овошје и зеленчук.

Кога татко ми боледуваше и по цели ноќи читав за ракови, најдов повеќе текстови во кои пипуваше дека рак на дебело црево се лечи со сода бикарбона и големи количини на суров зеленчук. Од набројаното запомнив дека тоа е зелка, сите видови на репки, пиперки, тегавец, суров спанаќ...

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Re: Здравје, медицински установи, опрема и стручнос
« Одговори #861 на: 05 Јули 2014, 13:48:48 pm »
Rak na debelo crevo se leci samo so hiruski zafat I hemoterapija. Soda bikarbona e navodno preporacliva za site maligni zaboluvanja Kako prevencija a deka Ke se olecis ako si fatil Rak so soda I so bilki teskooo.... Mozes samo da si ja podobris sostojbata pri terapijata

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Re: Здравје, медицински установи, опрема и стручнос
« Одговори #862 на: 05 Јули 2014, 14:19:44 pm »
Rak na debelo crevo se leci samo so hiruski zafat I hemoterapija. Soda bikarbona e navodno preporacliva za site maligni zaboluvanja Kako prevencija a deka Ke se olecis ako si fatil Rak so soda I so bilki teskooo.... Mozes samo da si ja podobris sostojbata pri terapijata

Апсолутно!

Сирово овошје и зеленчук има превентивна улога, не само за рак на дебело црево туку за цела низа заболувања. Но, ако (пу пу недајбоже) се фати, единствено чаре е операција + хемо + зрачење.

Камо среќа навистина да се лечеше со зелка и содабикарбона.

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5382
камо среќа и хемотерапијата да лечеше....да не беше разорување на се живо во телото

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Се се лечи, само човек не се лечи :) :) :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Rak na debelo crevo se leci samo so hiruski zafat I hemoterapija. Soda bikarbona e navodno preporacliva za site maligni zaboluvanja Kako prevencija a deka Ke se olecis ako si fatil Rak so soda I so bilki teskooo.... Mozes samo da si ja podobris sostojbata pri terapijata
Да де, на тоа мислев. Сакаж да кажам се третира а не се лечи. Погрешно се изразив. Иако тврдат дека во повеќе случаи со сурова зелка успешно и трајно се излечил рак на дебело црево.
Инаку со хемотерапија навистина се лечи некој тип на рак, но под услов остатокот од телото тоа да го издржи. Е сеа, пошто остатокот од телото не може да издржи хемотерапија тоа е друг муабет.
Хемотерапијата Taxol на татко ми му го намали туморот од 6 на 2 сантима за 4 месеци, но мораше да се прекине за да не ја уништи крвта и имунолошкиот систем. Штом се престана, ракот повторно почна да напредува и немаше чаре.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
камо среќа и хемотерапијата да лечеше....да не беше разорување на се живо во телото

Хемотерапијата не е секогаш успешна, како што не е ниту една терапија. И, да, делува на се живо во телото - тоа е и идејата со хемотерапијата (и зрачењето).

Идејата со хемотерапијата и радиотерапијата е оваа: клетките на ракот се во принцип поосетливи на отрови и јонизирачки зрачења од нормалните клетки. Па така, хемотерапијата е намерно труење на клетките, но со многу внимателно дозирање - да биде таман премалку за нормалните клетки да не умрат и истовремено таман премногу за клетките на ракот. Па така, со внимателно дозирање, се погодува вистинската доза при која нормалните клетки преживуваат, а клетките на ракот не. Исто и со зрачењето: финтата е да се погоди правата доза на зрачење која нормалните клетки за малку, едвај ќе ја преживеат, а клетните на ракот за малку нема да преживеат.

Хемотерапијата како идеја е стара, но со текот на времето се усовршува. Отровите стануваат се подобри и подобри (во смисла што помалку штетни за нормалните клетки, а што повеќе штетни за клетките на ракот), а методите на дозирање се се по прецизни и по прецизни. Битно е да се погоди правиот отров кој во што помала доза ќе го отруе ракот и кој што помалку ќе ги труе нормалните клетки. Хемотерапијата денес не е исто што и хемотерапијата од пред 20 години. Хемотерапијата и зрачењето спасуваат илјадници животи.

Некаково уништување на нормалните клетки обавезно има, но подобро тоа отколку смрт. Најчесто страдаат клетките кои брргу се множат (исто ко ракот), а тоа се - на пример - клетките кои ги прават влакната. Затоа на луѓе под хемотерапија им паѓа косата.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Да не го тупиме ама тука си некаде во принцип.

Зрачењето и хемотерапијата не спасуваат животи, туку ја одложуваат смртта или пак овозможуваат неоперабилниот рак да стане операбилен па да се оперира.
После операцијата не може да се администрира хемотерапија бидејќи на организмот му е потребно обрзо опоравување и специфични услови за зараснување. Но ретко кога операцијата е доволно успешна за целосно да ги одстрани канцерозните клетки. Се тоа е лотарија. На канцерозните клетки им е многу лесно да се накотат после операција кога организмот и имунитетот се слаби а хемотерапија не смее да се администрира.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15122
  • Пудингот на шоферството
На мој близок човек му беше откриен рак пред 2г,чоекот е силен со пари,нема место кај не беше на лечење и нема нешто со шо не проба.Сега го очекуваме најлошото.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Зрачењето и хемотерапијата не спасуваат животи, туку ја одложуваат смртта или пак овозможуваат неоперабилниот рак да стане операбилен па да се оперира.

Значи, посредно спасува животи.

После операцијата не може да се администрира хемотерапија бидејќи на организмот му е потребно обрзо опоравување и специфични услови за зараснување.

Постоперативната хемотерапија е супертипична хемотерапија. Тоа е кога хирургот ќе го извади ракот, но не се знае дали метастазирал или не, па во случај да метастазирал (ама во рана фаза, која не се гледа) да се утепа пред да почне да расте наоколу.

http://www.google.com/search?q=post+operative+chemotherapy

Но ретко кога операцијата е доволно успешна за целосно да ги одстрани канцерозните клетки. Се тоа е лотарија. На канцерозните клетки им е многу лесно да се накотат после операција кога организмот и имунитетот се слаби а хемотерапија не смее да се администрира.

Така е. Хемотерапијата во напредните фази на ракот не е ни замислена да ги отстрани сите клетки. Во право си дека е лотарија, но хемотерапијата го прави бројот на заокружени бројчиња на лото-ливчето поголем. Башка што сега има модерни хемотерапии и хемотерапија е можна во случаи при кои пред 20 години не би било можно. Медицината оди напред.

На мој близок човек му беше откриен рак пред 2г,чоекот е силен со пари,нема место кај не беше на лечење и нема нешто со шо не проба.Сега го очекуваме најлошото.

Јеби га, тоа е. Ракот најчесто се открива кога е веќе развиен и шансите за лечење се мали. Тука ниту едни пари не можат да помогнат. Како што искоментирал Боб Марли пред да умре од рак на бели дробови: „со пари не можеш да купиш здравје“. Здравјето се чува и негува, како нежно цвеќе во дворот. Но, за жал, дури ни тоа не е гаранција. Но, осетно си ги зголемуваш шансите да дочекаш внуци и старост.