Во 2010-та наша пријателка многу способна докторка интернист... Закачи рак на желудник. Беше низ странство по врвни универзитети и клиники чии што доктори лично ги обучувала. Бидејќи знаеше дека нема спас, вложи многу пари за експериментални процедури и тоа она да биде тест субјект. Направија што направија, но не успеаја да ја спасат.
Пари не беа проблем, доктори не беа проблем. Се сеќавам тогаш што ми кажа: „немој да правиш така како што правиш. Стануваш, се спремаш и одиш на работа и прв појадок ти е на пладне и тоа буреци, сендвичи, курци-палци. Станување од спиење, гевречето и јогуртчето па после се друго во денот.“
Тоа го знам веќе 5 години но не го применувам. Некогаш си се нервирам од сам себе.
@ FilipV, да реформулираме, посредно МОЖЕ да спаси живот, но во ретки случаи. Директно не верувам.