камо среќа и хемотерапијата да лечеше....да не беше разорување на се живо во телото
Хемотерапијата не е секогаш успешна, како што не е ниту една терапија. И, да, делува на се живо во телото -
тоа е и идејата со хемотерапијата (и зрачењето).
Идејата со хемотерапијата и радиотерапијата е оваа: клетките на ракот се во принцип поосетливи на отрови и јонизирачки зрачења од нормалните клетки. Па така, хемотерапијата е намерно труење на клетките, но со многу внимателно дозирање - да биде таман премалку за нормалните клетки да не умрат и истовремено таман премногу за клетките на ракот. Па така, со внимателно дозирање, се погодува вистинската доза при која нормалните клетки преживуваат, а клетките на ракот не. Исто и со зрачењето: финтата е да се погоди правата доза на зрачење која нормалните клетки за малку, едвај ќе ја преживеат, а клетните на ракот за малку нема да преживеат.
Хемотерапијата како идеја е стара, но со текот на времето се усовршува. Отровите стануваат се подобри и подобри (во смисла што помалку штетни за нормалните клетки, а што повеќе штетни за клетките на ракот), а методите на дозирање се се по прецизни и по прецизни. Битно е да се погоди правиот отров кој во што помала доза ќе го отруе ракот и кој што помалку ќе ги труе нормалните клетки. Хемотерапијата денес не е исто што и хемотерапијата од пред 20 години. Хемотерапијата и зрачењето спасуваат илјадници животи.
Некаково уништување на нормалните клетки обавезно има, но подобро тоа отколку смрт. Најчесто страдаат клетките кои брргу се множат (исто ко ракот), а тоа се - на пример - клетките кои ги прават влакната. Затоа на луѓе под хемотерапија им паѓа косата.