Друже, имаш проблем со тироидата - оди испитај се...!
ја немам проблем со тироида па имам превисок пулс... немојте констатација на форум по 2 збора кажани... ке те свати некој здраво за готово и ке иде ке купи “апчиња за тироида“... да... да оди и да се испита е нај убавото нешто што ке му го каже некој... инаку за срцебиење и превисок пулс се пие блоксан, докажана таблета или барем проверена од сите институции... кој има проблем со срце од било каков аспект во терапијата ја има и таа таблета... ама не се зима на своја рака, пошто има начин на дозирање за секоја болест да ја речеме или за секој симптом поинаку се дозира и секогаш е во комбинација со друга таблета... на своја рака НЕ....
спенсер... како што постојат автомеханичари-доктори за автомобилите, така и доктори специјалисти постојат за луѓето...
3000 денари ти е првиот преглед + контрола во филип втори. после секој преглед е по 1500, а измеѓу ке добиеш еден куп гратис консултации и мини контроли... на првиот преглед ти правата детално ЕКГ, ЕХО на срце, каротиди, вени и капилари на и околу срцето канали, комори, пред комори, залистоци и се што е потребно за детално снимање и преглед на срцето. понатака крвен притисок, и останати работи... ти препорачувам во тој момент да договориш и стрест тест кој што чини исто така 1500 денари а трае околу 15-тина минути... ако сакаш и детална крвна слика (не е неопходно) 900 денари и на база на тоа ке ти направат екстра точна дијагноза за тоа кој ти е проблемот и ке ти пишат терапија соодветна... ти повторувам НЕМОЈ НА СВОЈА РАКА!!! НЕ БАРАЈ ЛЕК ЗА ПРЕВИСОК ПУЛС..... нема такво нешто...