Пред нешто повеќе од 2 години, и јас имав искуство по болнициве, бев опериран лежев 10 дена на Абдомен, значи таму луѓето беа за сите пофалби, и за нив немам ниту една ама баш ниту една забелешка. Е сега додека да стигнам таму, и додека се правеа сите прегледи, тоа беше у п.м проблем, закажувања за неколку месеци, шетање од една на друго место, а тоа беше така бидејќи јас претходно немав искуство по болниците, и ај викам да си одам се по регуларен пат.Видов дека не иде така, и како и сите други си ги потегнав врските. Стигнав односно дојде време за операција, како што пцуев и мрзев се што е во и околу клиника, толку повеќе ги засакав и ги почитував луѓето што се грижеа за мене на абдомен. Тие доктори и сестри се за почит, имаше ситуации каде навечер имаше две дежурни сестри и имаше 11 итни случаи, каде ситуациите кај луѓето беа 30 - тина минути разлика да ги биде или не, некои од сестрите остануваа и по две смени на работа, замислете трета смена дежурна и одма продолжува 1 ва смена, и во ниту еден момент кога и да имав болки, или потреба од нешто, не се мрште туку летаа да ми угодат. Докторот кои ме оперираше, доаѓаше три пати на ден да ме види, и уште два три пати ми се јавуваше на телефон.
Операцијата беше успешна благодарение на докторот и неговото искуство, бидејќи во разговор со него, рече дека снимките и дијагнозите од претходно биле различни од тоа што видел кога отворил и наместо саат операцијата траеше два саата. Кога ме внесоа во операционата сала и кога видов во какви услови работат, па тоа не е нормално, добро е и вака како што е, се се распаѓа и апаратите се од времето на султан Сулејман.
Можеби моето искуство на клиника беше одлично бидејќи бев опериран од д-р Јанкуловски, и за цело време бев под негов надзор. едно нешто што ме изреволтира, како може горе за нега на болните да има толку малку персонал кој стварно даваше надчовечки напори за да им угоди на сите кои се лежат таму, и стварно има потреба да се вработат уште сестри, а на други места има еден куп вработени кои само викаат, пијат кафе и ништо не работат а зимаат плата. Зошто е тоа така незнам.
Инаку респект за сите од Абдомен, заслужуваат тие луѓе многу многу повеќе, само пофални зборови за сите од таму, многу ги почитувам.