Да прашам овде, некој има ли искуство со опаѓање на коса, што сте земале и дали има резултат. И која од тие во Скопје клиниките е поокеј за преглед/ испитувања па да земам терапија соодветна, да знам дали е генетски или е некој хормон во прашање. Голем дел веќе ми испаѓа само на горниот дел од главата, се изретчи, сеуште не се познава бидејки носам подолга коса, ама малку да ми е мрсна почнува да се приметува.
Бев на кожен во Битола на државно, ме пушти само крвна слика да направам, сликата во однос со косата беше океј, некоја мака со џигерот излезе, високо билирубини имам на секое, ама немам ништо на ехо на ниеден орган, вероватно е некојаси генетска болест , ништо сериозно .
Други испитувања ништо, ми препиша самоAlomax sprej 5% (minoxidil) да се мачкам еднаш денот, Vichy Dercos со Aminexil шампон и суплемент Биотин 5000 да земам.
Е арно ама не ми кажа ништо за овие, јас сам читав дека ако почнеш ваква терапија со minoxidil и ова што е во шампонот, треба цел живот да користиш. И дека ако некогаш решиш да прекинеш терапија ќе ти испадне и новата коса што порастила и старата шо си ја имал!..
Затоа барам ако има некој искуство со преглед/клиника/ доктор, да одам пред да почнам некоја терапија од која нема враќање.
Има и некој хормон DHT (dihydrotestosterone) што ако е висок предизвикува пад на косата, има разни блокатори за него, мене на крвна слика ваква работа не ми е проверена.