Да си ја пробам среќата тука, можеби некој знае за достапност на сирупот за кој пишувам.
Постара ќерка кога беше мала, околу 2 години, направивме испитувања во Козле и се покажа дека има алергија (рани треви, доцни треви) и поради тоа почнуваше да кашла и тоа знаеше да прогресира со спуштање на гради. Докторот таму беше тремелен (сега е во пензија), ни препиша сируп Zyrtec, и тоа не спаси.
Помалата, која има сега 16 месеци, покажува слични симптоми, некако е мала да одиме во Козле, а и Козле не е тоа што беше до пред 6-7 години. Го барав овој сируп, ама кај нас го нема веќе 2 години, зборев со добавувачот, не сме биле веќе интересни како пазар (поврзано со позитивна листа на ФЗО), во МК а и регионот. Ми кажа да проверам во Грција евентуално. Гуглав аптеки во Грција, ама тешко до резултат.
Ако некого го носи патот накај Грција, ако има време или поминува до некоја поснабдена аптека, само да праша дали го има сирупот кај нив.
Со гуглање ова би требало да биде новата амбалажа:

Кај на времето беше оваа амбалажа:

Во меѓувреме сакаме да ја тестираме во Биотек за алергии, користеле некоја нова метода и возраста не играла улога. Уште ако имате да препорачате детски пулмолог, па да го заокружиме процесот.