Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1613825 пати)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Само нож Несторче. Можеш да одиш на ултразвук да ги искршат и измочаш. Некогаш ставаат и сонди преку катетер во бубрези за полесно да излезат (ама тогаш забораваш за физичка работа, кревање тешки работи или клецање).

Нож му е спасот и нормално драстична промена на исхрана. Ама најубаво со нефролог да се консултираш.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Имаше кај вас мислам у прилепските села некоја жена дава нешто за пиење и ги топи камењата. Може да се распрашаш, ако не најдеш да пробам јас.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 817
  • The best or nothing.
Има жена во Прилеп (после ќе му се јавам на еден познаник, за локација, мада сите ја знаат), и има жена од Скопје (геге кај пругите). Човек, што се влечеше по земја од болки, за 2 саати после пиење на лекот, се исправи.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Дали некој имал камчиња или песок во бубрези и како ги средил?
Вчера ме заболеа бубрезите, наеднаш двата, паднав на земја и снемав воздух, имав јака вртоглавица. На секое земање воздух каде што притискаше дијафрагмата имав болка. Бев на лекар и ми рекоа дека крвта е супер (секогаш ми е така, дури и кога сум настинат), но дека имам леукоцити 8-10 и еритроцити 2-3 во урина и траги од калциум оксалати (најверојатно песок или камчиња), пиев увин чај и над 2л течности (претходно не пиев воопшто вода, максимум 1 литар), од време на време сѐ повеќе ме боли левиов бубрег. Дали увиниот чај и чајот од брусница во комбинација со 2л+ вода на ден би спречиле ширење на камчињата и чистење на старите?

И да, од понеделник одам на ехо за бубрезите.

Ако се мали камчињата или е песок, секогаш препорачуваат голема количина на течности да се пие и да се измочаат.
Додатна терапија се само лекарства за против болка кои најчесто само минимално ја ублажуваат болката.
Операција воглавном ако каменот е поголем и не може да се измоча.

И да, болка во бубрези, заедно со породилна болка и удар во тестиси се трите најјаки болки на човековото тело.

Отсутен fcwizard

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 246
Ако е само песок и само чај и вода(Пролом и Велинград или некоја друга ниско минерална) може да ти заврши работа но  ако е камен тогашн е друг муабет, ќе ти кажат кога ќе видат на ехо.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6154
  • Шо да пишам тука?🤔
Фала ви на сите.
@MAPJAH и @nikola98 ве молам за инфо за таа жена од Прилеп. Немам кој да прашам.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Прво на ултразвук да се види со кој ѓавол си имаш работа.

Потоа почни со бабини деветини, ако не е нож под грло.

Колку и да се правиме дека живееме во високонаучно доба, неретко лекот може да се најде на алтернативно место.
Сега се присеќам кога на 11 годишна возраст требаше да одам на операција за крајници, татко ми ме однесе кај некого во ТитоВелес кој ми направи зафат? во траење од 2 секунди. За неполн месец повлечени крајниците.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Се слагам со предходните постој, види прво со што имаш работа, да не испадне на крај ешерија коли мотори, а и камен да е, зависи од големината дали морат сатор или може и со бабини деветини, ултра звук, алтернативна медицина. Види која храна имат оксална киселина и избегавај ја.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5934
Самиот си кажа дека не пиеш вода уопште, во други теми за вежбање  имаше пишано, уште ако земаш суплементи за теретана, како креатин и остали работи за кој шо покрај нормалното пиење возда треба уше дупло да пиеш во денот, еве ти од кај може да потекнува пробемот.
 Во секој случај ќе ти кажат на ехо точно, ако се камењеа ни прв ни последен, ќе ти објаснат начини за исфрање,а може да е ништо, си седел на ладно си испонастинал добро и болат бубрези после. Ми се дешавало поднастинат, развеселен распиен,излези влези цела вечер на цигара по мајца или по кошула не осеќаш ништо топ ти е вечерта плус афтер ау , сабајле од студот удирање бубрезите исто вака како тебе, тоа е ќе се умира, да се пиши тестаментот набрзина.
И тоа шо ти кажале дека имаш  траги од калциум оксалати во урината може да се само. Траги.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Бутање протеини и други суплементи базирани на протеински соединенија, во комбинација со месо (особено пилешко на стероиди) е многу многу многу лошо за бубрезите и имуниот систем.

А тоа непиењето вода, исто како со боринче да си го бараш.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1999
За песок камења ако те носи пат накај скопје во ченто имаше еден дедо што прави билки, на дедото тоа му помогна човеков викаше ако не веруваш мочај во тегла послем две пиења талог испомоча и се среди, ако треба ке сторам абер број да најдам

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6154
  • Шо да пишам тука?🤔
Дали жената што прави лек е од Рувци (Пашинорувци)?
Ако е таа може да појдам уште денес, ја знаеле луѓето тука.
Имам преголеми болки, а страв од крв и игли и не можам да примам систем ;D ;D

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Тромадол или кетонал. Тоа се најјаките лекарства за против болки, следно е само морфиум. Али обавезно оди на лекар побрзо, ем да дијагностицира дека навистина е камен/песок и дали со течности ќе се исфрли. И да ти препише лекарства за против болки.

Ама на бубрежна болка верувај не спасува ништо додека не се истера каменот или додека не дојде во положба да не го иритира внатре бубрегот.

Другар мој кој воедно е лекар, имаше порано напади така на болки во бубрег, господ по куси ѓаки го гледаше.
Само со течности се спаси, ама тие денови ти велам, болки ненормални.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6154
  • Шо да пишам тука?🤔
Имам трамадол, препишан после операција на роднина, ама не се осмелувам таква "дрога" да пробам. Имам и зарацет со 37.5гр трамадол и парацетамол, ама и тоа е исто. Ако може инфо дали е таа жена ќе тргнам веднаш.

На доктор треба утре во 8ч. да одам да ми закажи на ехо. Во саботата не можеше бидејќи баш тогаш ме внесе во систем (таа да ми биде матична, бидејќи мојата се пензионирала) и требало 24ч. да поминат. Ќе видам утре што ќе кажат на ехо ако може веднаш да ме упати.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Да да, обавезно со лекар да се консултираш за тие лекарства против болка, до која доза итн. Не зимај на своја рака.
Ако не издржуваш, оди на ургентно уште сега, верувам ќе те примат особено ако се виткаш од болка.

А лекарствата, јас лани кога се оперирав од кила, со локална анестезија и после 5-6 часа кога ме опушти анестезијата почна јака болка во операцијата.
Побарав од сестрата нешто за против болка, ми шибна инјекција кетонал.
Потоа местото кај што ме боцна почна повеќе да ме боли од раната ;D