Денес дарував крв,28ми по ред,во разговор со докторката и сестрите кажаа дека има намалување на дарители.
Исто кажаа дека големи количини на единици крв од јавното здраство завршуваат во приватните клиники како и во Жан Митрев,се чуствуваше разочарувања на самиот тим во трансфузиологијата.
Мојата крв која јас дарувам завршува кај некого кој дебело ја платил а некој со тоа се збогатил.
Кога мислиме дека дното е достигнато,дека не може повеќе да тониме,се случува гооолем бум и продолжуваме да тониме и тониме.
Не е ни чудно што голем број лекари си одат од државава,и не само лекари,за потоа некој да рече дека со Бг пасош ја предал својата држава,но колку државата го предала него,нас,сите......