На прележани од сипаници им даваат вакцини?
Нормално дека не, континуирани бустер дози за континуирано бустање Igg антитела досега не се практикувало. Добра ефикасна вакцина се дава во две дози и тоа е тоа. Или барем тоа е тоа кај големо мнозинство од вакцинираните, исклучоци секогаш ќе има.
Кај сарс-ков-2 вакцините обратно е, кај мнозинството не штитат од симптоматска болест. Што е јасен показател за нивната (не)ефикасност.
Но кога не се разговара со отворен ум, факти што не им се допаѓаат едноставно се игнорираат. Не се есапат како што вели Симо.
Nope, Симо се повлекува само кога ќе види дека дискусијата е забегана и аргументите никој не ги есапи. Односно, кога дискусијата отишла у ку*ац. Додка постои основа за дискусија, без лупање глава у ѕид, и додека можеме да си ги корегирме ставовивите врз основа на основани (научни) аргументи, можеме да дискутираме, без разлика колку нѝ се разликуваат ставовите.
Зошто бе Симо во к*рац?
Кои аргументи не се есапат?
Тоа дека вакцините првенствено служат да заштитат од симптоматска болест, а секундарно да заштитат од потежок облик на болеста? Дека ефикасни вакцини се развиваат со години, или децении, или воопшто не се успева да се развијат? (вакцина за AIDS сеуште не постои) Тоа дека сегашниве сарс-ков-2 вакцини се избрзани (со причина), неефикасни (како последица од брзањето), и се употребуваат затоа што се подобри од ништо?
Тоа се факти Симо. Ги есапел ти или не тоа не ги менува фактите.
Ама не разговаравме дали требаат вакцини, пошто требаат па макар и килави. Разговараме за потребата бустер дозите да бидат задолжителни. Јас сметам дека никако не треба да бидат задолжителни. Уште помалку па некој што земал бустер доза сметам дека може да глуми некаква морална супериорност над остатаните.
Ти размислуваш поинаку?
ОК. Ајде како ти ќе ја аргументираш потребата од задолжителна трета бустер доза, и понатаму последователни дози?
Или поедноставно е да не ги есапиш аргументите?
