Вакцините НИКОГАШ не штителе да НЕ се заразиш! Вакцините придонесуваат за да се активира навреме одбрамбениот систем и да се справи со вирусот во твојот организам. Не е вакцината заштитен меур. Вирусот МОРА да дојде до нашиот организам, и нашиот имун систем да знае брзо и ефикасно да го „реши“. Тоа е целта на вакцините. И секогаш била.
Заштита од симптоматска зараза е основната намена на вакцините. Фул стоп, препрочитај ја претходната реченица ако мораш. Точна е тезата, ако не се согласуваш консултирај литература и посочи аргументи ама во облик на факти а не мемеа и вадење од контекст.
Кога зборуваме за штитење од зараза никој не кажа дека вакцината ти дава заштитен меур (или форс филд). Аман. Немој сега со евтини финти.
Пази најконкретно:
Штитење од зараза е кога кај најголемиот дел од вакцинираните ќе се избегне симптоматска болест предизвикана од вирусот.Тука вакцините за сарс-ков-2 сите мизерно потфрлаат. СИТЕ. Статистички гледано има огромен број вакцинирани кои заболуваат а многумина и со јаки симптоми и тешки последици.
Подвлечниот дел е тој што треба да се исполни кај една успешна вакцина. Тоа е причината зошто вакцини се развиваат со години и децении. Подвлечниот дел е тој што треба да го демантираш ако веќе сметаш дека можеш да си ја одбраниш тезата, сликите и меме-ата не го прават тоа.
Сипаници штом земаме како паралела, кажи колку луѓе (деца) ТИ САМИОТ знаеш дека симптоматски се заразиле а биле вакцинирани?
ОК? Потоа кажи ми колку луѓе знаеш вакцинирани за сарс-ков-2, ама заболеле со симптоми, па и со тешки последици? Еден, двајца, или многумина?
Пошто статистиката потврдува дека многумина вакцинирани, повеќето всушност, заболуваат од ковид19 при соодветен контакт со вирусот. Знам лично и такви и со бустер дози, и сепак по два пати, па некои и по три пати се заразуваат од летото наваму.
Спореди ги статистиките со вакцината за сипаници и заболените а вакцинирани за сипаници. Небо и земја се разликите со вакциниве за коронавирус... Јасна е работата без разлика колку потресителни слики со дечиња ќе постираш (патем повторно, cheap shot ти беше потегот).
Нејсе. Не велам дека и како такви сегашните вакцини не се делумно корисни. Да корисни се, и да луѓето треба да се вакцинираат... Но во поглед
на заштита од заразата, научен факт е дека сарс-ков-2 вакцините потфрлаат.