Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1982844 пати)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
епа да од психата со тек на фреме може да настанат и физички нарушувања.

И обратно  :)

Да се заблагодарам на членот balanar што ја сподели јавно неговата приказна, не е едноставно да се седне и напише такво нешто, знаејќи однапред со какви коментари ќе се соочи/неповикани совети/реакции од блиски и непознати фаци. Покрај придобивката што јавното споделување ја има за него лично, сигурен сум дека и други се пронајдоа во написите, и ќе им помогне во надминување на моментот: „луд сум ако одам на психолог или психијатар“, „само ми треба продувување“ итн итн. Ве поканувам да не трескате зелени ако немате појма за што станува збор, исто како што јас не трескам за интеркулери, лакирање или слично во други теми на форумов

Иначе јас сум психолог  ;D
Тука имаш и ликови што ќе те натераат ѕи да бараш помош и да пиеш лекови.

Sent from my SM-N770F using Tapatalk



Оди вамо гушка за овоа, златан.
Ама нема те нешо... ќе треба да се начека чоеков :))))
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен brewster

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 44
@brewster - Ти благодарам за зборовите.
Немам мака да зборувам јавно за ова, ниту тука, ниту во живо.

Да не ја знаеш случајно колешката од Виница?

Друже, искрено вака на прва не ми текнува на неа. Но, можам експресно да се распрашам за нејзе, праксата и професионалноста.

Нели, мала е Македонија, а не па мојава бранша, дали 4000 души останавме тука ... секој со секого се знае. Ако ти смени за подолготрајно, би се распрашал детално - ама и не се „стегај“ многу да си ја прашаш и нејзе директно: не секогаш со првиот/првата ќе „упали“, а секој (квалитетен) психотерапевт има свој личен пристап и метод, кој нормално се базирани на постоечки мејнстрим струи, ама не значи дека баш за тебе ќе ти одговара (ништо страшно). Како две џулиети, од иста лента ... исти се, ама не се исти, така и со нас  ;D

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Супер е, јас немам забелешки после три сеанси.
Само не те разбрав - што да смени долготрајно и што да ја прашам? :)

Отсутен brewster

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 44
Супер е, јас немам забелешки после три сеанси.
Само не те разбрав - што да смени долготрајно и што да ја прашам? :)

Релативно рано е, ама да имаш на ум да речеме за 2 до 3 месеца од сега (ако редовно се слушате/гледате):

1. Како се чувствуваш ти во врска со сопствениот напредок - не е страшно да не се поклапаат вашите впечатоци - ти можда мислиш не напредуваш, она мисли ептен сте напреднале, или обратно, и
2. Дали мисли дека долгорочно (6+ месеци) сте соодветни еден на друг - на ова мислев да си ја прашаш. Понекогаш и најстручниот/стручната не „пасува“ со некој човек (и тоа е ок!), единствено што мора да се направи е да се прекине навреме таквата професионална соработка, и вообичаено се реферира на некој колега или колешка што би биле подобар фит. За крај, квалитетен терапевт ќе знае дали си пасувате или не релативно брзо, и нема да те влечка (и наплаќа) ако знае дека не може да ти помогне.


Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4103
  • MadaFunker
New blood of old school

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Ќе го искористам постов од друга тема :)

https://forum.carclub.mk/index.php/topic,11269.msg1222669.html#msg1222669

Некаде низ документарецов има осврт и на големиот број повредени и немањето доволно капацитети и здравствени работници...
Како не им текнало да воведат карантини и забрани за да го заштитат здравството ;D

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Тој збор "бустер" толку брзо и толку ефективно стана поодвратен од "урбано" што дури ни песната од Рамбо не ми е веќе смешна...

Набијем ги на курац, онака бустерски, преваранти светски.
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Тој збор "бустер" толку брзо и толку ефективно стана поодвратен од "урбано" што дури ни песната од Рамбо не ми е веќе смешна...

Набијем ги на курац, онака бустерски, преваранти светски.
Незнам што толку имаш против патикиве...

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4415
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8386
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Супер е, јас немам забелешки после три сеанси.
Само не те разбрав - што да смени долготрајно и што да ја прашам? :)

Релативно рано е, ама да имаш на ум да речеме за 2 до 3 месеца од сега (ако редовно се слушате/гледате):

1. Како се чувствуваш ти во врска со сопствениот напредок - не е страшно да не се поклапаат вашите впечатоци - ти можда мислиш не напредуваш, она мисли ептен сте напреднале, или обратно, и
2. Дали мисли дека долгорочно (6+ месеци) сте соодветни еден на друг - на ова мислев да си ја прашаш. Понекогаш и најстручниот/стручната не „пасува“ со некој човек (и тоа е ок!), единствено што мора да се направи е да се прекине навреме таквата професионална соработка, и вообичаено се реферира на некој колега или колешка што би биле подобар фит. За крај, квалитетен терапевт ќе знае дали си пасувате или не релативно брзо, и нема да те влечка (и наплаќа) ако знае дека не може да ти помогне.
Ова е посочување поента на место!

@balanar Поддршка другар, на брат ми му се случи еднократно, пред многу време. Ќе најдеш излез биди сигурен. Само те молам, ако можеш (а требаш), одстрани се од возењето некое време. За твоја и туѓа сигурност. Добронамерно ова.

Од антидепресиви држи се подалеку без разлика што и да вика било кој лекар.

Молам да не се расфрламе со вакви совети.

За жал постојат луѓе кои доооолго одамна престанале да го лачат хормонот на среќа и организмот веќе не знае ни како изгледа тоа.

Со соодветна психотерапија, антидепресивите помагаат. Без психотерапија, може да направат поголеми бељи.
Тука би се надоврзал и би се сложил со Мартин, а би протестирал против коментарот на Дарт.
Си има наука за тие проблеми и стручни лица за да ти предложат помош, ако ја побараш. Потешкиот дел е да признаеш дека имаш проблем и да признаеш дека ти треба помош.
Ако си во таква состојба да ти треба антидепресиви, ти без нив си штетен за тие околу себе, штетен за себе и за своето здравје.
Ако треба да пиеш антидепресиви а не пиеш, подоцна ќе пиеш апчиња за притисок, за желудник, чир, за дијабетис итн...

Има луѓе што погребале деца, и едноставно нема каде.
Да не судиме. Доблест е ако некој осознае и си признае дека му е потребна таква помош.


Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4111
Од средата сабајле покачена температура 37.8 на станување, потоа се до сега немав ништо, сега кренав температура 38.1...Бев на лекар на диши диши нема ништо на грло исто така. Земав тест од аптека ми покажа негативен.Малата од саботата до понеделникот вечерта беше со температура до 39.5 ја носевме козле кај што и направија крвна  слика и испадна дека имала бактерија... Чаре само пцр? Испив 2 парацетамоли наеднаш и џабе...

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6406
Е добро де, грип те спофанал, терај супи еден куп , по можност домашни од пиле, чаеви, и некој соковник активирај. Можиш со парацетамолот еден аналгин да закачиш немаат гајле едно со друго, мене од таа комбинација најповеќе ефект ми дава. Не е некоја висока температура, ако забега , инфузија е чиста работа од тоа мастер ресет ми е секогаш, ма да сеа на сред пандемија незнам колку е паметно, можи таму да го накачиш.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8372
  • Плинаш!!!
Покрај коронава има и вирус со исти или многу слични симптоми, така да никој неможе ништо да ти каже со сигурност па дури ни тестовите од аптека ни прц. Така да што и да е, со лесно нека е!

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4111
Фала на поддршка кар клуб не е заебанција! Иначе боцнат сум 2 дози синовак пред 5 месеци... 2021 март здрав прав од корона отиде стариотЧовек коа ке се изгори на млеко и на јогурт ке дува...

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30820
    • CARclub.mk
Чувај се друже. Што и да е, лесно да пројде.