Супер е, јас немам забелешки после три сеанси.
Само не те разбрав - што да смени долготрајно и што да ја прашам? 
Релативно рано е, ама да имаш на ум да речеме за 2 до 3 месеца од сега (ако редовно се слушате/гледате):
1. Како се чувствуваш ти во врска со сопствениот напредок - не е страшно да не се поклапаат вашите впечатоци - ти можда мислиш не напредуваш, она мисли ептен сте напреднале, или обратно, и
2. Дали мисли дека долгорочно (6+ месеци) сте соодветни еден на друг - на ова мислев да си ја прашаш. Понекогаш и најстручниот/стручната не „пасува“ со некој човек (и тоа е ок!), единствено што мора да се направи е да се прекине навреме таквата професионална соработка, и вообичаено се реферира на некој колега или колешка што би биле подобар фит. За крај, квалитетен терапевт ќе знае дали си пасувате или не релативно брзо, и нема да те влечка (и наплаќа) ако знае дека не може да ти помогне.
Ова е посочување поента на место!
@balanar Поддршка другар, на брат ми му се случи еднократно, пред многу време. Ќе најдеш излез биди сигурен. Само те молам, ако можеш (а требаш), одстрани се од возењето некое време. За твоја и туѓа сигурност. Добронамерно ова.
Од антидепресиви држи се подалеку без разлика што и да вика било кој лекар.
Молам да не се расфрламе со вакви совети.
За жал постојат луѓе кои доооолго одамна престанале да го лачат хормонот на среќа и организмот веќе не знае ни како изгледа тоа.
Со соодветна психотерапија, антидепресивите помагаат. Без психотерапија, може да направат поголеми бељи.
Тука би се надоврзал и би се сложил со Мартин, а би протестирал против коментарот на Дарт.
Си има наука за тие проблеми и стручни лица за да ти предложат помош, ако ја побараш. Потешкиот дел е да признаеш дека имаш проблем и да признаеш дека ти треба помош.
Ако си во таква состојба да ти треба антидепресиви, ти без нив си штетен за тие околу себе, штетен за себе и за своето здравје.
Ако треба да пиеш антидепресиви а не пиеш, подоцна ќе пиеш апчиња за притисок, за желудник, чир, за дијабетис итн...
Има луѓе што погребале деца, и едноставно нема каде.
Да не судиме. Доблест е ако некој осознае и си признае дека му е потребна таква помош.