Јас не ги бранам мРНА вакцините, јас сум со Астра вакциниран. Само ме тангира кога ќе се запне некој за една нуспојава, а таа нуспојава се јавува и со стотици други работи.
Не те тангира тоа што mRNA вакцините не нудат долгорочна (па ни среднорочна) заштита?
Не те тангира тоа што не резултираат со имунитет, туку само моментално/краткорочно бустаат број на антитела?
Дојдовме до продолжение на филмот, како ли се вика... Можеби „Будењето на антиваксерите”.
Anyway да преминеме на сериозни информации. Бидејќи не сум видел статистика од овде, еве една од Србија, се разбира со денешен датум:
https://www.cins.rs/koliko-je-vakcinisanih-u-bolnici-koliko-je-vakcinisanih-umrlo-nevakcinisani-u-bolnici-da-li-umiru-nevakcinisani/
Дискусијата не беше дали луѓето треба да се вакцинираат, туку кои вакцини се подобри (и кои вакцини се производ на неетички механизми за правење пари).
Исто и како на секое (секое!) друго поле. Со коли палат свеќа да... Бизнис ко бизнис.
Бизнис ко бизнис, ама ти си консументот на производот. Тие можат да те стрижат само ако ТИ самиот и МНОЗИНСТВОТО, ако одлучите дека е во ред да ве стрижат. Ако не правите разлика која вакцина може да ве заштити на подолг рок, а која е смислена како биануална таксација и редовна давачка - тогаш ќе ве (ќе не) стрижат. Додека има волна ќе има џемпери (за најбогатите).
Најбезвезе е што повеќето овде ги игнорирате и релативизирате нуспојавите, и тоа во корист на mRNA вакцини кои нудат само краторочна заштита која нема да биде ни краткорочна ако се рашири сој/варијанта со поголеми мутации/промени на спајк протеинот.
Ама да не сметам со баналности како факти и реалност... Продолжете со недоветни досетки, изгледа тоа е фокусот на темава.