Уфф мене ми изгледа не си баш разбрал зошто велиш забраниле мрна вакцина. Тоа не е точно.
Текстот впрочем вели нема да даваат понатаму модерна мрна вакцина на луѓе под 30 години поради повеќе случаи на миокардитис
Некако сам се демантираш во две последователни реченици, чудно.
Како тоа не забраниле мРНА вакцина, а еве веќе нема да даваат истата вакцина на луѓе под 30 години заради X причини?
Што е тоа ако не е забрана, стимулација?
Е сега, да се вратима на текстот. Притоа во текстот напоменуваат неколку пати дека миокардитис е најчесто бенигна појава и краткотрајно воспаление на срцето и самото од себе си поминува. Впрочем, и кога имате добиено сезонска настинка со температура во чести случаи имате и миокардитис ама тоа не ни го знаете.
A како они дознале дека имало толку случаеви со миокардитис, за воопшто да дојде да ја забранат за луѓе под 30 години?
Сигурно имале симптоми тие луѓе, не ги проверувале еден по еден „Дојди да те тестираме детално за нуспојави од глава до петици“
Не може да било бенигно кај тие луѓе и на доброволни испитувања го откриле, па што сака нека биде.
Трета доза од модерна мрна ќе се дава на сите останати над 30 години. Од тука, дали можеме да заклучиме дека модерна мрна вакцина е забранета?! Нормално дека не, да не спинуваме.
Што спинуваме, дека е забранета за една значителна категорија на луѓе?
Лага е тоа?