Јас осетив подобрување уште од кај Давор, на вратот осетив големо олеснување, исто и на грбот. По киропрактиката бев лабав, чувство како да си пијан.
Кога би ги споредил двајцата, Давор беше брутален, на моменти не се поднесуваше болката од стискање.
Тоше имаше сосема друг принцип на работа, порелаксирана масажа и се фокусираше баш на точките каде осеќав болка, во мојот случај од десна страна грбот кај плешката па до врат, бидејќи се тоа ми е камен направено. Исто осеќав болка кога стискаше, ама ја ублажуваше со масажа.
Има разлика и подобрување во секој случај, главата можам сега да ја вртам до крај на десно што претходно неможев. Глава не ме заболела деновиве, што претходно како што кажав на секој втор-трет ден обавезно ме фаќала.
Генерално, си сака вежбање т.е вежби за разгибавање и истегнување кои почнувам да ги применувам во секојдневието.