А да одите на доктор сте размислиле?
Sent from my iPhone using Tapatalk
Татко ми го водев во 8 септември, имаше проблем со коленото (болки, ќе му се закочи па мораше со некои истегања да го врати во нормала), порано полесно се справуваше ама со годините стануваше потешко.
Прво проблем е термин, не функционира „мој термин“, и тешко е да е да дојдеш до асален хирург. Месец дена траеше акцијата да се дојде до хирург и пак на крај „повикај пријател“ за да обезбеди термин. Сепак татко ми живее во Куманово и не сакав да се малтретира и да чека на незакажано.
Нормално, ортопедот - хирург, побара да направиме магнетна. Во цела Македонија (на државно) немаше слободен термин порано од 6 месеци (уствари воопшто не функционира тоа со термин, туку да се обидеме за 5-6 месеци). Хирургот ни препорача приватно да платиме магнетна, но сепак успеавме да обезбедиме термин во Чаир. На договорениот термин татко ми беше вратен со образложение дека апаратот се раасипал и дека ќе му се јават кога ќе го направат. Среќа тоа беше следната недела.
Со резултати кај ортопедот, дијагноза менискус, препорачува операција. Ако сака татко ми за 5 дена да биде опериран треба да се уплатат 550 евра на сметка на болницата (дополнителна дејност), во спротивно не може да гарантира термин, односно можно е да се чека и неколку месеци.
Татко ми има 42 години стаж во фабрика, машинобравар, цел работен век стоеше на дребонг, затоа и со коленото има проблем. Во тие 42 години стаж нема користено боледување. Дојде време да искористи здравствена услуга и го тераат да плати. Го фати инат и не сакаше да плати.
Му објаснувам на докторот, он ми вика, абе не е скапо 550 евра и ми кажа да му пишам на вибер за едно 10-15 дена. Му пратив порака на вибер, во која му пишав дека татко ми сака да почека редовен термин (кога и да се ослободи) и од тогаш не ми одговори (ни со да, ни со не, никаков одговор).