Ne sum jas anti vakcini, ako dojde moment ke se vakciniram, no big deal, ama fasciniran sum od fanatizmot, ednoumieto i expertizata. Bog kompleks na najjako. Ne e za sekogo internet, za dva dena expert stanuva.
Друже Интер1, времето е дојдено да се вакцинираме сите, ако сакаме да се вратиме во некоја нормала. Јас не ја прифаќам оваа состојба за нова нормала. Затоа апелирам, пази апелирам (не терам никого на сила) сите да превземеме чекор за нормализирање на состојбата. Науката во овој момент, кажува дека најбрз начин е вакцинација, и тоа масовна. И мерки. Маски и дистнца, како и хигиена.
Никој тука не е со Бог комплекс, како што си умислил ти. Никој тука не се прави експерт повеќе од дригите, па и од тебе лично, пред се`. Тргни од самиот себе. Почна тука да се натегаш после „разговори“ со „јаки имунолози“ и „луѓе гои долги години работат на проблематиката“. Наеднаш после два-три разговори, ти тука пропагираш како вакцините веројатно не се решението. Потоа го цитираш пановски и неколку пати повторуваш како „вакциналните фанатици“ (сеуште чекам како некој може да биде вакцинален фанатик, се боцка ли секоја недела со нова вакцина, ги пробува сите постоечки вакцини, или боцка луѓе на спиење со вакцини?!), се полоши од антиваксерите кои докажано прават штета на здравствениот систем.
Пак ќе кажам, не постои нешто како фанатизам и едноумие, а експертизата се црпи од релевантни извори, каде што навистина експерти го кажуваат своето мислење.
Бог комплекс може да постои кај некој што мисли дека сам најдобро знае, а не кај некој кој се ослонува на искуствата од научно-стручниот консензус во одредената област.
Повторно, во моментов, најдобар и најбрз пат надвор од овој круг на „бранови“ и „мерки“ е само глобален имунитет. Најдобро и најбрзо преку вакцина. Така вели науката. Не јас или некој фанатик.
Властите се веќе уморни и исцрпени од справување со кризата, државите осиромашуваат, затоа и спроведуваат вакви радикални мерки. За да го натераат населението да се вакцинира во што поголема мерка, за економијата да почне полека да се враќа во нормала.