Признаени се Астра Зенека и Џонсон и Џонсон затоа што имаа докази за нивната ефективност. Спутник, Синофарм, Синовакс не приложија никакви докази затоа и не се признаени.
Aха, па да тоа е наративата, „не приложија докази“. Тоа може да им поминуваше лани на почетокот, сега има и повеќе од доволно peer reviewed студии и за ефикасноста и за безбедноста на незападните вакцини (всушност западните испаднаа најнебезбедни).
Причините се геополитички.
Инаку која е логиката таа истата Астра Зенека ама произведена во Индија, да не се признава во ЕУ??
(можеби овојпат нема да го игнорираш ова)
Мора да се мотивира народот да се вакцинира и да заврши ситуацијата. И мерката важи за сите објекти каде има над 30 луѓе.
„Мотивирање“ во стилот на 1984-та на Орвел?
Народот може да се мотивира и со 10-ина евра ваучери, и повеќето ќе се испотепаат да се вакцинирираат. За кратко време би се дошло до потребниот процент имунизирани (~70%) за колективен имунитет (на стадото)... Ама зошто така кога може да направат преседан каде тие наложуваат да немаш право избор и тоа да го користат повторно (и повторно).
Така утре да не се чудите кога ќе почнат циркусите како што веќе ги имаат на запад (само минус нивниот западен стандард).