Околу мене луѓево, моја возраст, сите добија термини за деновиве.
И јас за денес, вечер поточно.
Во Гевгелија, пази. Можело и така.
Закажан за денес во 18.40, во Гевгелија.
Одам уредно, во 18.25. Гледам, гужва нешто на капијата од Општа болница.
"Добар ден", викам... "Што се случува?"
Рандом девојка, како мене, закажана "Имам закажано во 18.30 за вакцина, ама си отишле здравствените работници."
Му викам на портирот "Овие нормални се? Во 18.40 имам закажано, 15 минути порано сум, а они си отишле?"
Ми вика "ве молам, само мене немој да ме пцуете, 15 души пред тебе лом ме направија. Ми кажаа докторите дека ако дојде некој, да му кажам утре да дојде кога сака и да каже дека имал термин за вчера, т.е. вечерва, одма ќе го боцнат".
Контам дека не е крив, му се извинив.
Утре во 07.00 сум таму. Ќе бидам најфин и најкултурен, ќе си чекам ред, нема да земам на никој ред кој е закажан за утре сабајле. Ќе почекам, ќе ме вакцинираат, ќе прашам "готово?", "Да", "благодарам, ај сега викни го раководителот малку да поразговарам со него".
Претставки до директорот за цела смена, со барање за поведување на дисциплинска постапка за дисциплинска неуредност, со казна 20% на плата за наредни три месеци, по Закон за здравствена заштита и Правилник за хоспитална култура. Пак нека си одат порано.
Јас разбирам дека зорт им дојде година ипол, секоја им чест, ама ако ти е тешко - откажи се. Не те терав јас медицина да студираш.