Клабери, едно прашање до тие што се вакциниравте во Србија, дали за втората доза го почитувавте терминот и местото или бевте пак во спортска сала Чаир?
Мене ми стигна термин во 08:45 на некое др место.
Исто, дали знаете дали има опција да се прими 2 доза тука кај нас и како оди тоа? Тој сајтот за ревакцинација не е во функција.
Јас примив втора доза Астра во Ниш. Терминот не го почитував, односно отидов два дена порано и немаше никаков проблем. Од нивна страна, на лице место, беше кажано дека мораш да се ревакцинираш во исто место каде си примил прва доза. Пр. во Ниш ги враќаа тие вакцинирани во Белград или Врање.
Вакцинацијата е сеуште во спортска сала Чаир, секој ден 08-20.
Ако си вакциниран со Астра и си под 60 год. немаш опција за ревакцинација кај нас.
За другите вакцини не знам. Реално и мене ми треба таа информација, па ако некој успеал да се ревакцинира со Фајзер на пример, нека пише детали.