@balanar ја имам вадено жолчка ако ти значи нешто за процедурата! 
Мене ме интересира, сопругата требаше да прави операција на жолчката (да и ја извадат) пред година и пол ама 3 дена пред операција доби уртикарија па тоа мораше да испитува и да го среди за да може да се оперира. Операцијата требаше да биде во 8 Септември ама сега не сме провериле дали воопшто може да се прават операции дека стана Ковид центар ама кај и да е ќе мора да се активираме да се распрашаме. Не е лошо да споделиш твое искуство, каде правеше, како помина, колку време треба да се седи дома, нешто друго што ти текнува, благодарам
@balanar ја имам вадено жолчка ако ти значи нешто за процедурата! 
На мене неќна ми извадија слепо црево.
Од вчера имам болки во долниот дел на градите, помеѓу ребрата и во десното рамо.
Од она што прашав - ова се типични симптоми при лапароскопија и при надувување на абдоменот со CO2, за полесна опсервација. Останува гас внатре и додека се дифузира притиска на дијафрагмата и дава рефлексна болка во рамења....
За дивно чудо, ја немав никакви посебни болки или проблеми, нормално само од резовите (кој не знае, при лапароскопија добиваш три реза со големина од 1-2см во триаголник на растојание од некои си 20тина см) , отидов приквечер, следното утро ме оперираа, по 24 часа ме пуштија дома, третиот ден веќе одев на работа, единствено што ми остана како последица е мало попуштање на едниот рез, како кила, кое што требаше да се санира со повторна операција и поставување на некоја си мрежичка......ама уз муабет со докторот „ај ништо не ти е“, еве уште не сум го направил тоа.
Иначе по препорака, зафатот ми го правеше Арсенков во градска во центар, од после дознав дека е еден од најдобрите абдоменални хирурзи у Мкд, кој го викаат за итни случаи за претседатели и битни фаци............за условите у градска, но комент, ќе замижиш тие два дена и бегај дома.........имав и еден пех после операцијата во шок соба, памтам дека се будам, некако ја истегнувам канилата за инфузија и почнува да шика крв у ваздух, една од сестрите вика „што стори бе човек“ и секундарно ме снемува, пак си заспивам

Дури барав опција каде да се оперирам, бев и во Систина да прашам, 1700еур кошта на приватно

и плус ќе ме оперираше едно младо голобрадо докторче кое при прегледот не ми влеа ама баш никаква сигурност

, а немам предрасуди за годините!