FDA има закажано состанок на 11 Декември, на кој што ќе се разгледуваат резултатите од вакцината на Фицер. На 17 Декември е закажан состанок за вакцината на Астра Зененка.
Никакви документи ниту пак заклучоци се изнесени во јавност до сега. Документот кој што го споделувате е презентација Power Point во пдф формат. Ако ја прочитате цела ќе сфатите дека тоа е план за изведување на истражувања за евентуални нус појави од вакцијата. Тие НУС појави што се набројани ќе бидат предмет на набљудување, односно ќе следат дали вакцината ќе предизвика некои од тие ставки кои што ги споделивте. Можеби ќе предизвика некоја од нив, можеби не.
Не е никаков заклучок или извештај за нус појави од ништо.
Вакцината како и секоја вакцина ќе може да ја прими тој што сака. Нема да биде задолжителна.
Секако дека патувањето во странство, посетување конференции, состаноци, туристички патувања, летувања, зимовања па и вработувања ќе бидат условени со примена вакцина против коронавирусот. Тоа е индивидуална одлука на секоја држава, фирма, организатор на настани. И секако дека тие што ја немаат примено ќе бидат дискриминирани. И секако дека никој нема да превземе ништо околу тоа.