Не знам дали ја прележав фамознава корона,ако тоа беше тоа тогаш можам да кажам дека сум искусил и појак грип пред 2-3 години.
Некаде 18-19 ноември се осетив така како настинат,почнав да пијам Кафетин колд.На 21 ноември изгубив вкус и мирис и се до 24 ноември немав вкус и мирис,одеднаш ми се врати.Од 22 ноември до некаде 25-26 бев омалаксан,без сила и со кашлица но температура не кренав никако.На 24 ноември бев на матичен лекар,не ме прати да се тестирам туку ми ја препиша универзалната терапија од фамозниот универзален лек (антибиотик) Сумамед и пробиотик и витамини,не ни знаев што терапија ми има дадено се до моментот кога си дојдов дома од аптеката и го отворив ќесето.Сумамедот не го испив,само витамините ги пиев.На 27 ноември имав контрола кај матичниот,кажав дека сум добар и дека имам само блага кашлица,но повторно ми препиша уште една доза од Сумамедот но не го зедов.За кашлица зедов сируп од Исландски лишај кој ја реши кашлицата.Сопругата и мајка ми не појавија никакви симптоми,татко ми ги имаше истите симптоми на почетокот од ноември.
Од симптоми кои ги имав,малаксаност неколку денови,немав сила од подрум да качам вреќа од 15кг пелети,се заморував на моменти како да се борам за воздух,ова траеше 3-4 денови.Мали болки во грбот,немав вкус и мирис неколку денови,кашлица.
Можеби ќе наидам на осудување но Сумамед на според мене благи симптоми на грип нема сила што ќе ме натера да пијам.