Што се смени на
крајот од Септември и
почетокот на Октомври во однос на претходните месеци Јули, Август, па и Септември, за да ги има овие бројки на Ковид последниве 2 недели.
Толку ли попушти претпазливоста од летниот период, ако воопшто ја имаше?
Пред 2/3 недели (период на инкубација) сеуште беше релативно топло за да има зголемено дружење по затворени простории.
Од око кажано, Јас не видов драстично поразлично однесување на луѓето од летоска, иако не сум меродавен по тоа прашање бидејки трасата на движење ми е идентична со месеци наназад

Чисто за паралела тргнувам од себе.
Лани, полани, и години наназад во овој период порано или подоцна редовно имав некоја форма/симптоми на настинка/грип, нормално, не придавав некое големо значење

На лекар одев дури ако качев поголема температура, дотогаш со фервексче или аналгинче.
Малку ми е чудно, сеуште се држам без вообичаените настинки

Дали се малку измешани бројките, односно дали навистина тестовите се "преосетливи" ?
Има ли веќе регистрирано прв случај на грип досега, или е сеуште рано за сезонскиот грип?