http://zegin.com.mk/home/service/search.html?queryStr=Blue+cap
Јас го користам шампонот, првиот. Помага за тоа за што пишува дека е.
@zeroSignal е сосема во право кога станува збор за шеќери. Знам дека не ми е од исхраната, листата на продукти кои
не ги јадам е значително поголема отколку таа на продукти кои редовно ги јадам. Но само како коментар викендов забележав дека еден најобичен сок од боровинка во 200мл има 22 грама чисти шеќери. Камо ли за сите останати производи, како чипсови и благи работи.
@brm brm фала ти многу, сакав првично да пробам вакви лесни шампони. Прашував чисто за да ги имам контакти ако ми се влоши ситуацијата. Посебно забележав сега во текот на летово ,додека ги завршував последните испити, дека се прошируваат местата каде што ми се појавува и дека се чешам несвесно, слично како со грицкање на нокти или стискање на акни. Што е дефинитивно погрешен пристап, може да дојде до крварење и оштетување на скалпот. Затоа и на почеток спомнав - малку на нервна / стресна база.