Симо, па знаев дека нема да ги пуштиш, затоа скриншотови ти ставив, да ги прочиташ по ред, со бонус вест од денес која го потврдува она кои штотуку си го прочитал... независно од титловите.
Види, ако некому му е чудно што некој се заразил од некоја болест, ја прележал и по сите показатели треба да има стекнато имунитет, а после одредено време повртоно се разболел од истата болест, мене не ми е, а и на повеќето доктори кои што се занимаваат со таа проблематика. Сепак, се работи за мала бројка на такви случаи, небитна бројка во целокупниот развој на настаните. Моментално има 130.000 евидентирани излечени од COVID-19. Колку има избројани што повторно се заразиле? 5-10? 100? Едонставно, кај некои луѓе од некоја причина, не се создале антитела кои понатаму овозможуваат имуност на организмот. Кај COVID-19 се случува организмот воопшто да нема имун одговор на вирусот. Тоа значи дека може да го „прележи“ а имуниот систем да не е свесен дека „поминал“ вирусот низ систем. Допрва треба да се проучи и разбере одговорот на имуниот систем на SARS COV-2.
Тоа што се појавиле 4-5 повторени случаи, јас лично би го препишал на две можности, една е - лажнопозитивен тест, па потоа навистина се заразил (многу поверојатно), и друго е имуниот систем да нема створено антитела на овој тип на вирус. Еве ти уште еден пример на вирус на кој воглавно сме имуни по прележување, но може повторно да се појави:
https://www.nhs.uk/common-health-questions/infections/can-i-get-chickenpox-more-than-once/Изгледај го “докторот“ што го пратив. Учен човек, знае што зборува. Ние лаиците треба да им веруваме на учените луѓе.