Добро
@Stratro да речеме - теоретски - дека си во право, а можеби и си во право иако апсолутно не изгледа така... Но што зборуваат фактите, и не само тие факти што ти одговараат на тезата.
Тестирањето не е совршено (иако во поголема мера функционира, отколку што не). Да, има проблеми во детекцијата. Но ете како го објаснуваш и како го разбираш целиот тој ОГРОМЕН наплив од пациенти во болниците, со тешки респираторни проблеми?
Зборуваме за државите каде заразата е во поодминат тек.
Не ваљда дека се хипохондрици со пневмонија, замислен ARDS, дури и умирачки. Не само стари, има и средновечни и помлади луѓе. Која резидентна ендемична болест во денешницата предизвикува таков наплив од болни и умрени... Грип? Ма дај те молам, да бидеме сериозни.
Без разлика колку медиумите да ја „пумпаат“ кризата, без разлика кој колку профитира (политичари и други сомнителни ликови), кризава изгледа реално. А ако испадне дека е некоја тешка местенка, секако нема Марковски и Евтов да бидат тие што ќе ја раскринкаат.