Секако дека треба да се почитуваат препораките и ги почитувам, ама она ''седи дома'' и одење на работа некако не може ''седи дома'' да функционира нели ?
Работам со маска и ракавици, ама сепак опасноста од заразување постои кога имаш контакт со други луѓе, облека носиш, колку и да ја дезинфицираш тоа е, неможеш во целост.
Реално ако сакаш ризикот за зараза додека одиш на работа во вакви услови да го сведеш на минимум е да работиш во посебно одело, заштитен и на глава и на раце и на крај од смената некој со вап да те испрска целосно со 96% алкохол.
Се останато е гола вода, додека мора да одиш на работа, само носење маска и ракавици не го елиминираат ризикот од зараза бидејки сепак во една смена на работа мора и да јадеш, да пиеш вода, па те зачешало нешто на лице, па вадиш ракавици, миеш раце, ги правиш овие работи, па поново ставаш нови ракавици.
Па маската мора да ја симнеш ако сакаш да јадеш или пиеш вода, а таа можеби ти е контаминирана или ке ја контаминираш ако ја пипаш.
Затоа малку и џабе се сите препораки за седење дома ако имаш работење на други фирми освен аптеки и маркети.
Ама ако не работат фирмите па отиде у колапс економијата и економскиот статус на луѓето.
Врти сучи го наебавме посекако.