Цело време се расправате дали бил опасен, не бил опасен вирусот, кој е во ризична група, дали ќе го прележиш само со 4-7 дена обична кашлица или пак ќе добиеш тешка пневмонија, ама една работа досега откако е настаната оваа пандемија и ширењево на вирусот, а не се споменува е тоа дали голема улога во влошување на здравствената состојба (па и доведување до смрт и на помлади лица, не само оние над 75-80 години) има и тоа дали си пушач или не ?
Бидејки ефектите од сите тие супстанци од чадот на цигарите знаеме дека имаат негативен ефект и дека полека полека ги уништуваат белите дробови, многу од пушачите и постојано кашлаат и имаат слуз во белите дробови и во оваа ситуација каде што имаш вирус кој предизвикува воспалување на и онака воспалени бели дробови од пушењето цигари, па така сметам дека не само стари луѓе чиј имунитет и општо функционирањето на организмот веќе е прилично намален, туку во ризична категорија би влегувале и ваквите луѓе кои иако можеби немаат хронична болест како рак, инфаркт на срце или било што, али сепак ако си пушач мислам дека многу полесно би дошло до влошување на состојбата со белите дробови бидејки веќе имаш воспалени бели дробови од пушењето цигари, вирусот сега дополнително ги воспалува, притоа ги изгледав погоре видеата и како што видов во првичната реакција на нашиот имунолошки систем, вирусот се брани и притоа предизвикува во тие почетни стадиуми на борба на имунолошкиот систем да уништува и дел од здравите клетки.
Значи воспалени дробови од пушење цигари, дополнително воспалување од страна на вирусов, плус уништување на дел од здрави клетки како резултат на првичниот отпор на вирусот од реакција на имунолошкиот систем и имаш колапс на белите дробови.
Досега нашиве портали не сретнав да пренесат било што во однос на ова прашање, само се зборува носење маски и ракавици, миење раце и избегнување поздрави.
Исто и од страна на здравствените институции нема ништо во однос на ова да се издадат препораки.
На гугл има такви статии од портали од други земји дека ризикот на пушачите е поголем, но кај нас никој за ова не зборува