ОК, мој осврт на текстот: Почиње со „дешаванкава со COVID-19 би можела да биде најголемото статистичко фијаско досега, пошто појдовните податоци се нецелосни“... Веднаш продолжува со „статистиката вели дека смртноста ќе биде 0.05%“ и тој заклучок го носи глобално а донесен е врз основа на податоци од САМО ЕДЕН луксузен брод, и тоа под медицинска нега на еден од најдобрите здравствени системи во светот (јапонскиот).
Па баш тука е поентата, стастистиката е заснована врз досега достапните податоци.
Од каде се податоците:
- Кина, која со невидено драстични мерки целосно ја запре заразата
- Кореја која уште подобро реагираше
- Италија, која шалабајзерски реагираше но во северниот дел има еден од најдобрите здравствени системи во Европа, и во светот
Среќа што шалабајзерските држави (како нашава) колку толку навреме почнаа со мерки. Скраја да е заразава да пламне во банана држава, па после тек ќе се бројат мртви и ќе се зборува за утнати статистики.
Јас дотогаш ќе резонирам врз основа на илјадниците мртви, кои јебига дефинитивно не умреа од старост. Сигурен сум да бевме (бевте) постари друга перспектива ќе имавте. А во врска со тезата дека некој контролирано прави „глобална промена на перспектива“ (кризна ситуација во која многу недозволени работи стануваат дозволени и се остваруваат нечии прљави интерес), тогаш за нас малите луѓе сеуште е сеедно: или ќе пазиме што правиме, или ќе испоумрат многу повеќе луѓе непотребно.
После кризата е времето за зборување и дискутирање на такви работи. Но тогаш 99% од луѓево нема да ги интересира, 0.9% ќе тролаат и ќе се спрдачат... А неколкумината што ќе се обидат да посочат на проблемот - ќе бидат нарекувани „теоретичари на заговори“.
Луѓето се такви какви што се, но за се има време и место.