А од кој обичен грип во рок од 24 часа умреле толку луѓе, без разлика на годините :
Европа вчера го имаше најсмртоносниот ден од појавата на коронавирусот откако најголемите жаришта на ширењето на заразата забележаа рекорден број смртни случаи.
Во Италија починаа 368 луѓе, со што вкупната бројка порасна на 1.809, во Шпанија 97 (вкупно 288), а во Франција 29 (120). Во последните 24 часа починаа и 14 луѓе во Велика Британија, што исто така е најмногу во еден ден досега.
Не драпајте дека не е ништо, кога цел свет превзема мерки за изолација.
1000+ се дневно од инфлуенза. Од сарс2 моментално се околу 200 просек. Во Италија просечна возраст на умрените е 81 година, што и се поклопува со животниот век во Италија.
крени паника, кој ти брани. Короништево уште не е во екот. Уште не го напрајло своето. а и за сезонски мислам да има вакцина.
Има вакцина која не е 100% ефективна и скоро никој не ја користи. Корона има од декември до сега 6500 мртви, за 4 месеци пред да почнат карантини. Ако продолжеше вака веројатно ќе стигнеше некоја бројка од 20-100к на светско ниво. Ништо страшно. Се крева паника премногу за вирус што ги има истите последици и компликации како обичен грип. И од обичен грип може пневмонија да добиеш, да имаш потешкотии во дишење, и исто се заразни. Грип има до 500к смртоносни случаи на година и во многу милиони заразени луѓе секоја година. Има грипови што имаат над 50% смртност и не се крева паника за нив иако се прилично активни и имаат многу жртви секој месец.
Обичен, сезонски грип е грип кој што е познат на човековиот организам и имунитет доооолго наназад. Ова е вирус кој е нов и имунитетот не е подготвен за борба со него како со другите типови на сезонски вируси. Поради тоа, проблем ќе биде нагло појавување на вирусот кај голем број на луѓе што ќе предизвика шок со кој здравствените системи во земјите немаат капацитет да се справат. Верувајте дека Италија, особено во северниот дел има многу подобар здравствен систем од нашиот, па видете до каде стигна кај нив работата.
Sent from my YAL-L21 using Tapatalk
Грипови кои му се познати на човечкиот организам се тие на кои што си имун. Не менува колку долго постои секоја година е различен, затоа и секоја година може да се разболиш.
И не, нема да е полошо од шпанскиот грип, кој уствари толку жртви има однесено поради светската ситуација т.е. светската војна поради која биле игнорирани сите болни и немале никакви лекови. Па дури и болни се праќани да војуваат. Премногу паника за глупости.
А за тие што мислат дека вака се спречува грип, не се надевајте премногу. Со изолацијава само ќе се успори ширењето, да се спречи нема. Пак ќе се разболат многу голем број луѓе, и многу и ќе умрат. За некој месец ова ќе биде игнорирано како сите други ствари од кои што умираат луѓе и веќе не се нови и интересни да се зборат.
За крај, загаден воздух убива 4+ милиони луѓе годишно, сите ги заболе к*р за тоа. Ама за грип што нема да достигне ни пола милион паника се крева.