@balanar мое видување е дека брзо слабеење не е здраво за организмот. Нема потреба да броиш калории затоа што кога избегнуваш јагленихидрати (посебно од рафинираните) организмот коректно самиот себе се регулира. Хормоните тогаш функционираат како што се наменети, и како што било во 99.99% од нашето постоење пред да имаме изобилство од храна која денес во голема мера се состои од голема количина од јагленихидрати. На пример со практикување кето исхрана хормонот грелин (сигнализира глад) не се лачи толку, и не постојано, како што е тоа случај кога редовно се јадат големи количини јагленихидрати. Ова има врска со хормоните инсулин, глукагон (и други), само тоа е долг и опсежен муабет. Доволно е да се знае дека кога си на low carb/кето исхрана, сам себе ќе се регулираш да не јадеш претарано/пречесто. Верувам дека и самиот приметуваш досега дека не си постојано гладен, дека немаш потреба по цел ден да „грицкаш“ нешто.
Други согледувања/забелешки:
- Не се оптеретувај со тие 5 килограми. Поважно е да не дозволиш да ти опаѓа мускулната маса, здравје си бара вежбање (а не мислам на теретани, не дека и тие се лоши). Важното то не го разбираат луѓето е дека се вежба заради здравје, не заради тоа што така ќе се ослаби.
- Не гледам дека јадеш зеленчук? Треба зеленчук, многу зеленчук, секој ден и со секој оброк. Има луѓе што практикуваат исклучиво месојадна исхрана, и тоа успешно, но јас ова би го избегнувал освен кај мал број ретки случаи со автоимуни пореметувања (па јадење билки им прави проблеми). Другите 99% од нас можеме и треба да јадеме зеленчук, посебно зелен, како зелена салата, зелка и други зељасти зеленчуци како карфиол/брокула/кељ, итн. Бенефитите се огромни.
- Протеин треба да се јаде, посебно е важно за одржување на мускулна маса, плус во месото има и куп нутриенти како есенцијални аминокиселини, минерали, и други нутриенти. Се препорачуваат 1.5–2.0 грами протеин, на килограм телесна маса. Според тоа за тебе треба од ~140 до 180 грама протеин.
- Одредени јадења во кои има одредени (не баш мали) дози на јагленихидрати не мора да се избегнуваат, барем јас така мислам. На пример: Грав. Кај гравот голем дел од јагленихидратите се во форма на растителни влакна, кои се пр
ебиотици (не пр
обиотици) што е одлично за цревната флора. Плус гравот е богат со куп важни нутриенти. Има и други вакви примери. Потребно е да се јаде зеленчук богат со растителни влакна.
- intermittent fasting ти е паметна одлука (за другите: јадење во временски прозор од 10, 8, 6, или помалку часови), јас само би се надоврзал на Дени и би препорачал и подолги постења, целодневни, а кога се пости цел ден лесно е и да направиш 40 часовен посто: вечераш/ручаш некаде до 6 попладне, следниот ден не јадеш, третиот ден го прекинуваш постот во 10ч. или подоцна.
После првиот долг пост ќе видиш дека не е толку тешко и незамисливо, како што си замислувал. Плус ментално ќе можеш да одолееш на ситуациите кога со прилика да јадеш рафинирани јагленихидрати (читај празници). Така јас празнициве од рафинирани јагленихидрати само си го изедов парчето леб од погачата за Бадник (ама на два дена ја поделив).

Не се замарам со калкулатори на калории воопшто, а дома (намерно) немам вага. Пред скоро бев на двегодишен редовен систематски преглед, и резултатот беше 20+ кила помалку од претходниот систематски, само јас поспоро, постепено и без замарање ослабев.
П.С. Планирај нова гардероба посовреме

Каква сака диета нека тера ако е има сурплус на калории ќе се здебели или ако е на граница ќе остане иста килажа. Килажа се спушта само со дефицит на калории. За да функционира кето ко што треба мора да јаде макс 20-25 грама јаглехидрати, 80 грама е нормална количина.
- Да се спушташе килажа само со дефицит на калории, немаше да има куп луѓе што не можат да ослабат иако се утепуваат од вежбање и со броење калории
- 20 грама јагленихидрати е многу тешко да се достигне, идејата е да се има здрав живот со здрава исхрана, не да се следат стриктни дефиниции: ти некогаш си пробал со месеци да се храниш така да не внесуваш повеќе од 25 грама јагленихидрати? Не?
- Фино ќе беше да беше можно метаболизбот да можеше да се објасни вака во 2-3 реченици од рандом дартџизуси.
Зборував за промена на лајфстајл. Целосна промена, не некоја диета која ќе ја издржиш еден месец и пак ќе се вратиш на старото. Затоа ќе повторам: намалување на внес на јагленихидрати, 50-80 грама/ден е доволно за почеток на било кој што сака да почне од некаде.