Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1977080 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Нема броење калории. Тоа што треба да се брои се јагленихидрати, гледано во грамови. Се додека некој е под 80-50 грама дневно, добар е.

Пошто има достапни планови со оброци, никој не мора ни со тоа броење да се бави, едноставно се регулира внес на јагленихидрати преку јадење одредени работи и избегнување други. Едноставно е, и нема гладување.

Количина на храна (калории) се јаде се додека не се заситиш. Се додека јагленихидратите се под 80-50 грама дневно, ок е.
Пристапот функционира. Проверено.

А тоа дека менувањето на исхрана е премногу „замарање“ немам намера да го коментирам. Немам намера да губам време со било кој што замарање му е да смени навики, ама наместо тоа поинтересно му е да се „занимава“ со доктори и со лечење превентабилни здравствени проблеми - не само последици од килажа, туку и дијабетес, притисок, кардиоваскуларни болести, итн да споменам само неколку.
« Последно менување: 17 Јануари 2020, 00:23:31 am Van »

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20397
Каква сака диета нека тера ако е има сурплус на калории ќе се здебели или ако е на граница ќе остане иста килажа. Килажа се спушта само со дефицит на калории. За да функционира кето ко што треба мора да јаде макс 20-25 грама јаглехидрати, 80 грама е нормална количина.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2945
Мое видување и совет: +1 за кето. Тука да напоменам дека одам и на теретана, скоро секогаш 5 дена во неделата. Тежински тренинг и кардио (возење статичен велосипед 40-50-60-50-40мин, понеделник-петок соодветно)

Почнав на 21.10 со килажа од 101-102кг. Моментално сум 93кг. Можеше да биде и малку помалку, но со празнициве излегов од кето и еве сега се "мачам" да влезам пак. Малку се опуштив околу Божиќ, за 2-3 дена качив 2кг, но претежно беше ретенција на вода од зголемениот внос на шеќери (тесто). Висок 186цм.
Ја користам MyFitnessPal, наместено ми е 1700 калории дневно (уште од почетокот), но ќе треба веројатно да ги намалам за 200 бидејќи почнав да стагнирам. Тука се премислувам затоа што мислам дека 1500 ќе ми е малку со оглед на физичката активност, плус зимово ме уби (летен човек сум).
Од тие 1700 калории наместено ми е 5% ЈХ (22g), протеин 31% (131g) и масти 64% (121g).
Истовремено се трудам да терам и intermittent fasting (16/8). Ова значи дека обично доручкувам околу 12 и вечерам околу 19:30-20:00. Два оброци дневно, некако ми се поделени 50-50 во смисла на калории (800-900 за доручек), останатото за вечера.

Целта ми е да се спуштам на 85кг до јуни-јули. Дали ќе успеам стварно не знам. Зависи од тоа колку ќе сум строг сам со себе, колку ќе се придржувам на исхраната и колку ќе бидам активен во теретана/трчање кога ќе запролети малку.
Ќе треба да спуштам 200-300 од калориите на дневна база, плус да го зголемам fasting-от т.е двата оброци да ми се во временска рамка од 6 часа (не 8 како сега).

@Van - Совет? :)
@Boshe - Ако сакаш можам да ти изгенерирам извештај во ПДФ од апликацијата да видиш што јадам. Во основа - јајца, туна, мајонез, месо (пилешко, свинско), кашкавал, сирење (има едно осоговско топено), сланина (поретко), кајмак , павлака (полномасна), Sprite знам да се напијам (од оној без шеќер) или Coca Cola Zero колку да се почастам еднаш во неделата. Како пример за еден квалитетен кето оброк - измати 3 јајца, направи ги омлет и рамни како палачинка. Исецкај внатре сланина 50-60 грама, измачкај млечен намаз/полномасна павлака или кајмак 50-60 грама, преклопи го како бурито и исечи си 100тина грама кашкавал. Оброк од 800-900 калории што верувај дека ќе те држи многу посит од оброк со исти износ на калории и многу повеќе удел на ЈХ.
Не сум некој кето freak, не ни планирам да бидам, но од оваа временска дистанца гледано - дефинитивно ЈХ се сето она што е погрешно во модерната исхрана.
« Последно менување: 17 Јануари 2020, 08:52:45 am balanar »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55335
  • Махер
Секоја чест. Прекрасно осмислено е ова. Со 1700 ти си во дефицит од 700 калории на ден. (1кг сало има 7000 калории) значи за 10 дена симнуваш околу 1кг сало ако се придржуваш на ова што си го пишал. Може и повеќе да е зависи од физичката активност, ама ете тој дел да го оставиме дека ќе се изгуби и малку друго освен сало.

Значи 100 дена за 10кг. Под услов да можеш ова да го одржиш што си го почнал. Што 1700 калории и 21г шеќер е фантастично - но е многу, многу тешко и макотрпно. Особено ако треба да се практикува подолго време. Ама и со шантрање до 2400 калории на ден, односно ете да не успеваш да се одржиш 2-3 дена во неделата без проблем ќе стигнеш до Јуни да симнеш 8кг. Особено со IF што практикуваш ќе се минимизира и загубата на мускулна маса заради редуцираниот инсулин - така да на ептен прав пат си. Мислам дека нема потреба од форсаж со 1500калории. Јас само би посочил друга насока. Имено, еден ден во неделата не јадеш ништо, само вода, чај, кисела вода, кафе (без млеко и шеќер).

Понатаму бидејќи веќе си сфатил како функционира телото и дека круцијално е да се намали количеството на шеќери заради психолошкото намалување на глад и полесно постигнување на таргетот, како и комбинација на повремен пост (IF) за да се стабилизираат хормоните во телото би ти препорачал да погледнеш еден фантастичен документарец од ББС и Мајкл Мозли кој е посветен баш на оваа тематика. Конкретно опфатена е и мојата сугестија за 1 ден без јадење да се функционира. Eat, Fast, Live Longer - BBC (Јади, Гладувај, Живеј подолго). Најтопла препорака да потрошиш 1 час од животот на ова: https://www.dailymotion.com/video/x370lox

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2945
Фала @Deni , ми го наполни срцево вака посабајлечи со пофалниве зборови. Тешко е да, тоа балансирање да останеш околу 20 грама ЈХ е напорно понекогаш.

Баш ќе пробам да убацам таков ден, а документарецов може да се изгледа утре на раат, саботно.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2945
За сите љубители на data-charts, еве нешто:


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55335
  • Махер
Да не те обесхрабрувам, ама во овие вредности секогаш има грешка. Лошото е што грешката е секогаш кон помалку. Можам и за тоа да ти посочам литература или документарец, ама доколку сам си внесуваш вредности за храната обично се малку погрешни односно се малку поквалитетни од реалното. Што заради самата психологија, што заради грешка во самите производи и нивната калориска ознака. Би ти препорачал секогаш да впишуваш горна граница од она што мислиш дека треба да внесеш. Зошто на крајот на денот си стигнал до 1700 калории, а всушност реално тоа се барем 10% повеќе. :) Сакам да кажам ако се мислиш за некој омлет или што и да е дека е 800-900, секогаш внеси 900 зошто веројатно е и повеќе од 900. :)

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2945
Да, тоа се слагам. Впрочем и во самата графа за калориите, само 7-8 дена ми се околу и малку над максимумот од 1700 внесени. Обично гледам да се движам околу 1500-1600 впишани, претпоставувам дека барем за 100-150 сум над тоа.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6406
Јас ја имам инсталирано чисто колку да видам колку ми е дневно внесот на калории,запнав се пратев неколку месеци оти ме мајтапат кај и да одам дека сум слаб а јадам за тројца и не лепи. Моментална килажа 62.5 со 1.77, горе долу истата килажа сум со години памтам на систематски за на факс кога се запишѕвавме пред 10 год бев 59
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55335
  • Махер
Јас ја имам инсталирано чисто колку да видам колку ми е дневно внесот на калории,запнав се пратев неколку месеци оти ме мајтапат кај и да одам дека сум слаб а јадам за тројца и не лепи. Моментална килажа 62.5 со 1.77, горе долу истата килажа сум со години памтам на систематски за на факс кога се запишѕвавме пред 10 год бев 59
Исто многу убав документарец "Why Are Thin People Not Fat?“ со одличен осврт зошто слабите луѓе не се дебели. Се осврнува на активноста на човекот и количината на храна што мисли дека ја јаде. https://www.imdb.com/title/tt1387876/

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6406
Ај баш да видам.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
@balanar мое видување е дека брзо слабеење не е здраво за организмот. Нема потреба да броиш калории затоа што кога избегнуваш јагленихидрати (посебно од рафинираните) организмот коректно самиот себе се регулира. Хормоните тогаш функционираат како што се наменети, и како што било во 99.99% од нашето постоење пред да имаме изобилство од храна која денес во голема мера се состои од голема количина од јагленихидрати. На пример со практикување кето исхрана хормонот грелин (сигнализира глад) не се лачи толку, и не постојано, како што е тоа случај кога редовно се јадат големи количини јагленихидрати. Ова има врска со хормоните инсулин, глукагон (и други), само тоа е долг и опсежен муабет. Доволно е да се знае дека кога си на low carb/кето исхрана, сам себе ќе се регулираш да не јадеш претарано/пречесто. Верувам дека и самиот приметуваш досега дека не си постојано гладен, дека немаш потреба по цел ден да „грицкаш“ нешто.

Други согледувања/забелешки:
- Не се оптеретувај со тие 5 килограми. Поважно е да не дозволиш да ти опаѓа мускулната маса, здравје си бара вежбање (а не мислам на теретани, не дека и тие се лоши). Важното то не го разбираат луѓето е дека се вежба заради здравје, не заради тоа што така ќе се ослаби.
- Не гледам дека јадеш зеленчук? Треба зеленчук, многу зеленчук, секој ден и со секој оброк. Има луѓе што практикуваат исклучиво месојадна исхрана, и тоа успешно, но јас ова би го избегнувал освен кај мал број ретки случаи со автоимуни пореметувања (па јадење билки им прави проблеми). Другите 99% од нас можеме и треба да јадеме зеленчук, посебно зелен, како зелена салата, зелка и други зељасти зеленчуци како карфиол/брокула/кељ, итн. Бенефитите се огромни.
- Протеин треба да се јаде, посебно е важно за одржување на мускулна маса, плус во месото има и куп нутриенти како есенцијални аминокиселини, минерали, и други нутриенти. Се препорачуваат 1.5–2.0 грами протеин, на килограм телесна маса. Според тоа за тебе треба од ~140 до 180 грама протеин.
- Одредени јадења во кои има одредени (не баш мали) дози на јагленихидрати не мора да се избегнуваат, барем јас така мислам. На пример: Грав. Кај гравот голем дел од јагленихидратите се во форма на растителни влакна, кои се пребиотици (не пробиотици) што е одлично за цревната флора. Плус гравот е богат со куп важни нутриенти. Има и други вакви примери. Потребно е да се јаде зеленчук богат со растителни влакна.
- intermittent fasting ти е паметна одлука (за другите: јадење во временски прозор од 10, 8, 6, или помалку часови), јас само би се надоврзал на Дени и би препорачал и подолги постења, целодневни, а кога се пости цел ден лесно е и да направиш 40 часовен посто: вечераш/ручаш некаде до 6 попладне, следниот ден не јадеш, третиот ден го прекинуваш постот во 10ч. или подоцна.

После првиот долг пост ќе видиш дека не е толку тешко и незамисливо, како што си замислувал. Плус ментално ќе можеш да одолееш на ситуациите кога со прилика да јадеш рафинирани јагленихидрати (читај празници). Така јас празнициве од рафинирани јагленихидрати само си го изедов парчето леб од погачата за Бадник (ама на два дена ја поделив).  ;)

Не се замарам со калкулатори на калории воопшто, а дома (намерно) немам вага. Пред скоро бев на двегодишен редовен систематски преглед, и резултатот беше 20+ кила помалку од претходниот систематски, само јас поспоро, постепено и без замарање ослабев.


П.С. Планирај нова гардероба посовреме  :D


Каква сака диета нека тера ако е има сурплус на калории ќе се здебели или ако е на граница ќе остане иста килажа. Килажа се спушта само со дефицит на калории. За да функционира кето ко што треба мора да јаде макс 20-25 грама јаглехидрати, 80 грама е нормална количина.
- Да се спушташе килажа само со дефицит на калории, немаше да има куп луѓе што не можат да ослабат иако се утепуваат од вежбање и со броење калории
- 20 грама јагленихидрати е многу тешко да се достигне, идејата е да се има здрав живот со здрава исхрана, не да се следат стриктни дефиниции: ти некогаш си пробал со месеци да се храниш така да не внесуваш повеќе од 25 грама јагленихидрати? Не?
- Фино ќе беше да беше можно метаболизбот да можеше да се објасни вака во 2-3 реченици од рандом дартџизуси.

Зборував за промена на лајфстајл. Целосна промена, не некоја диета која ќе ја издржиш еден месец и пак ќе се вратиш на старото. Затоа ќе повторам: намалување на внес на јагленихидрати, 50-80 грама/ден е доволно за почеток на било кој што сака да почне од некаде.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2945
Ај баш да видам.

Со тој внес од 2800 калории (доколку е внесено се, со пијалоци) ти си (зависно колку си физички активен/неактивен) само 300-400 калории над некое основно TDEE (Total Daily Energy Expenditure). Со некоја физичка активност си скоро на 0 потрошено/внесено.

Рачунај дека на телото му треба 1600-1900 калории дневно само за најосновите работи (чукање на срце, дишење, работа на мускули, работа на мозок...).


Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2945
...

Морам да мерам јас. И оброци и внесување на калории. Таков ми е карактерот, јбг. Многу брзо ќе отстапам од начинов на исхрана ако не го правам тоа. Овака сам на себе сум сигурен што правам, кај сум бил и каде одам. Да не се изразам чудно - ми треба валидација на тоа што го правам преку денот. Барем во оваа сфера од животот  :-X

Инаку да, ми фали зеленчук, свесен сум.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11177
  • Ќybriт Pro Max
како се брои колку калории се внесуваат, а колку се трошат?