Бидејќи повторно имам страшно сериозни проблеми со кичмата, потребно е да спуштам килажа, барем 10/15кг. Препорачајте како би дошол до ова, бидејќи не би ризикувал со теретана да не се дозаебам уште толку. Не знам дали би било добро трчање, бидејќи ке има директно удар на кичмата и ногата.
Моментално сум 114/5 кг, висина 191цм.
Благодарам.
Keто исхрана, гледај колку што можеш да намалиш јагленихидрати .
Ова значи да не јадеш: леб, шеќер, се што е со скроб, итн.
Се јаде: зеленчук, масти (сирење, кашкавал, сланина), јајца, месо, и друго.
Вметни лесно кардио, како долги прошетки (покреј кеј на пример) или по сртот на Водно (жичара за нагоре), прогресирај кон лесно планинарење (Водно). Јади колку сакаш, сепак гарантирано ослабуваш. После пола година вака направи крвна слика, треба да ги имаш најдобрите резулати како од кога си бил со нормална килажа, само почекај и немој да се мериш од веднаш пошто потребни се барем 6-8 недели за целосна адаптација на исхраната.
Ако имаш воља да си го поправиш здравјето, ќе ги смениш навиките и ќе се чудиш сам на себе како си дозволувал банални глупости како леб и шеќер да ти го сјебуваат животот... На жалост повеќето од луѓето само бараат изговори „не можам јас без шеќер“, итн. На крај се е избор, па така и ова.
Послушај го дечково, ако си заинтересиран:
https://www.youtube.com/watch?v=sBw2rdwBfZEИма и куп други совети на нет, внимателно пошто некои ги бива некои не.