Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1977322 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
  • 69
Некои апчиња, сируп што знам, за настинка да препорачате а да бидат достапни насекаде, не некој во гаражата правел некаков магичен напиток.
Ми треба претежно за носот, а притоа да не ми го исуши грлото и потоа да кашлам. Не сакам спрејови или капки.

Не земам апој, па да знам ваптека што да барам.

Консултирај се со некој видовит човек. Не ти треба иљач, ти треба спас...
Иван исцелител ти го препорачувам. Им има на многу помогнато со твојот проблем...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7400
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Фала брат, закажав термин, само што се слушнав со чоекот дури и ми намале носот, по нетечит сега.
Преку телефон дури му фаќа магијата.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2945
Некои апчиња, сируп што знам, за настинка да препорачате а да бидат достапни насекаде, не некој во гаражата правел некаков магичен напиток.
Ми треба претежно за носот, а притоа да не ми го исуши грлото и потоа да кашлам. Не сакам спрејови или капки.

Не земам апој, па да знам ваптека што да барам.

Септаназал (спреј е, да), но како само полесно си заспива со затнат нос. И не ми го суши грлото, барем на мене не.

Присутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22377
Некои апчиња, сируп што знам, за настинка да препорачате а да бидат достапни насекаде, не некој во гаражата правел некаков магичен напиток.
Ми треба претежно за носот, а притоа да не ми го исуши грлото и потоа да кашлам. Не сакам спрејови или капки.

Не земам апој, па да знам ваптека што да барам.

Септоназал помага, ама и не помага баш кај мене.

За нос:

1.Оперил капки - јаки али имаат ефект веднаш, но не лекуваат трајно.

Затоа ќе си земеш и..

2.Риностоп сируп или апчиња ( ова се антихистамини и се зимаат по препорачана доза).

Или, ако не си настинат односно имаш алергиска реакција ( полен, трева, животни) се зема:
3. Flixonase или Nazonex  (ова се кортико - стероиди и се зимаат строго по препорачана доза и во ограничен период).

Aко имаш последици/кашлање, иритации на грлото, после зимаш:

1.Мукоплант - сируп од тегавец (црвен) за смирување на кашлица пред спиење.
2.Мукоплант - сируп од бршлен  (зелен) за искашлување на шлајм.

Сето ова го имаш во аптека.

И за крај, ова прочитај го со 1.5 speed:
"Пред употреба на лекот, заради избегнување на несаканите дејства Ве молиме консултирајте се со вашиот лекар или фармацефт."


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
1 литро ракија и утре си ко нов (без симптоми), без разлика на исходот ;D

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3067
Фала брат, закажав термин, само што се слушнав со чоекот дури и ми намале носот, по нетечит сега.
Преку телефон дури му фаќа магијата.
Kosinus.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7400
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Фала, ќе се проба со септоназал или риностоп, ама знам од риностоп ми се суши грлото.

Кортикостероиди не ми се зема, имуно поттиснувачи се и најверојатно со рецепта се земаат, не сум нешто хронично болен,
доволно е некоја поблага дрога, ќе заврши работа, колку да не му пречам на луѓето околу мене со шмркање, рчење.  :)

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5484
  • Пиши лаже
Бидејќи повторно имам страшно сериозни проблеми со кичмата, потребно е да спуштам килажа, барем 10/15кг. Препорачајте како би дошол до ова, бидејќи не би ризикувал со теретана да не се дозаебам уште толку. Не знам дали би било добро трчање, бидејќи ке има директно удар на кичмата и ногата.
Моментално сум 114/5 кг, висина 191цм.
Благодарам.

Sent from my Mi 9T using Tapatalk

Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7201
  • Бенве сие бенве
појадок овошје, ручек манџа, вечера салата, оди издржи да те видам

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18169
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Бидејќи повторно имам страшно сериозни проблеми со кичмата, потребно е да спуштам килажа, барем 10/15кг. Препорачајте како би дошол до ова, бидејќи не би ризикувал со теретана да не се дозаебам уште толку. Не знам дали би било добро трчање, бидејќи ке има директно удар на кичмата и ногата.
Моментално сум 114/5 кг, висина 191цм.
Благодарам.

Sent from my Mi 9T using Tapatalk



Без заебанција, контрола на количина на порциите.

Јади ги истите работи ама скрати ги порциите на пола, и пиј многу повеќе вода од што пиеш сега да го полниш желудникот за да не ти бара уште јадење.

Јас си правам вакво чистење секоја пролет пред сезона на точак, и од 75-78 успевам да се спуштам на 71-72 редовно. После тоа си почнувам со велосипедизам и качувам некое кило ради мускулна маса.

Како и секоја навика, 21 ден е потребен да се навикнеш, па ако ти се допаѓаат резултатите, погледни кон заменување на висококалорични работи со понискокалорични алтернативи.

При секој почеток на животна навика е битно да се осеќаш пријатно, затоа е и моментот со јадење на истите работи, само во помали количини. Може да се симнуваат и по 200-300 калории по оброк, ако си посветен. Тоа ти е можеби 1000 калории дневно помалку :)
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20397
Број калории на myfitnesspal или loseit. Ако не ослабеш за 2 недели, подеси ги опциите во апликацијата и јади помалце. На секои 4/5кг ќе треба да подесуваш во самата апликација колку тежиш за да ги промени дневните калории. Јади што сакаш ама број ги правилно калориите.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55335
  • Махер
Најважно немој да трчаш.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Почни да јадеш супа пред оброците, ќе ти го намали првиот крволочен апетит и количината што си во состојба да ја изедеш од главниот оброк.
Прекини да јадеш кога ти е најслатко, секогаш доцни информацијата од стомакот до мозокот дека се имаш најадено (прејадено).


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Бидејќи повторно имам страшно сериозни проблеми со кичмата, потребно е да спуштам килажа, барем 10/15кг. Препорачајте како би дошол до ова, бидејќи не би ризикувал со теретана да не се дозаебам уште толку. Не знам дали би било добро трчање, бидејќи ке има директно удар на кичмата и ногата.
Моментално сум 114/5 кг, висина 191цм.
Благодарам.



Keто исхрана, гледај колку што можеш да намалиш јагленихидрати .
Ова значи да не јадеш: леб, шеќер, се што е со скроб, итн.

Се јаде: зеленчук, масти (сирење, кашкавал, сланина), јајца, месо, и друго.
Вметни лесно кардио, како долги прошетки (покреј кеј на пример) или по сртот на Водно (жичара за нагоре), прогресирај кон лесно планинарење (Водно). Јади колку сакаш, сепак гарантирано ослабуваш. После пола година вака направи крвна слика, треба да ги имаш најдобрите резулати како од кога си бил со нормална килажа, само почекај и немој да се мериш од веднаш пошто потребни се барем 6-8 недели за целосна адаптација на исхраната.

Ако имаш воља да си го поправиш здравјето, ќе ги смениш навиките и ќе се чудиш сам на себе како си дозволувал банални глупости како леб и шеќер да ти го сјебуваат животот... На жалост повеќето од луѓето само бараат изговори „не можам јас без шеќер“, итн. На крај се е избор, па така и ова.

Послушај го дечково, ако си заинтересиран: https://www.youtube.com/watch?v=sBw2rdwBfZE
Има и куп други совети на нет, внимателно пошто некои ги бива некои не.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20397
За одење да се смета за кардио треба прилично брзо да оди што е прилично напорно. Според мене многу замарање е да менува цел начин на исхрана, а и со кето диета ќе треба да брои калории така да што уште повеќе замарање му е.