Во Грција си бираш од кој производител сакаш. Прашањето е после каконќе ти ја заведат кај нас, да не се праат будали па два пати да мораш. Затоа најдобро да се праша во диспанзер.
Во Грција заверуваат во книшка и во вакцинален картон. После два дена пракаат и на маил се скенирано со печат.
Колешка од работа беше минатата недела, горе доле оваа е процедурата:
Се зема вакцината од аптека во Космос, мора ден претходно да се јавиш да резервираш.
После со вакцината одиш во некоја амбуланта многу блиску до трговскиот. Детето го прегледуваат, прават крвна слика. Ако се е ок , ставаат вакцина. Пополнуваат се документи и си одиш дома.
После два дена стигаат скенирани документи на маил.
Се на се околу 60тина евра е.