Аух, се надевам дека не ти е доминантната рака. Со лесно да ти пројде. :/
Десната е, доминантната. Сега сваќам дека левава освен за да личам на човек, нема друга функција кај мене.
Вчера скршив рака на скијање, тибам и здравство и све у п.м. Неписмената незнаеше како се вика коската што ја скршив (надлактица) од лонгетата отече раката ко балон, извадив све дома, сабајлево бев до медикус хелп и решив сам да се лечам. Кланица е убав збор, и партии и испрани мозоци све у п.м.
Нека мине со лесно.
Дали се работи за целосна фрактура или пукнатина? Претпоставувам дека не е целосна фрактура штом си завршил со лонгета, а не целосен гипс.
Пукнатина по долж на средина на коската, веднаш под рамото. Не е страшна повреда.
Долго време немав отидено по болници, се е исто у п.м. Ни ред ни поредок, абе бар да искречат, да стават здрави столици низ чекалните, нормални врати нови со плутени табли до нив за тие листовите залепени по цела врата што незнам кој ги чита. Доктори ко бели мечки, се нешто се негде само треба да ги чекаш, и сите само чекаат некој, незнаат кој и незнаат дали ќе дојде. Колку и да сум против, без повикај пријател џокерот, по регулар пат ништо неможеш да завршиш, бар на културен и цивилизиран начин.