Се расфрлаш низ сите теми со разноразни зборови, а всушност немаш поим. А да не зборам дека индиректно навредуваш.
Не „разноразни зборови“ Бојан, туку ФАКТИ.
Пробај повеќе да користиш факти, па макар и некој да те доживее навредливо.

Декларациите на секоја индивидуална вакцина е лепена отпосле од страна на фирмата увозник, во случајот Македонија Лек. Агенцијата на лекови добива урнек како декларацијата ќе изгледа штом тие се увезат.
Вака да те слуша човек, ќе си каже дека Агенцијата за лекови само каталогизира урнеци и ништо друго не прави.
Но не си во право, без разлика дали е од незнаење или со умисла.
Ти реков прашај ја жена ти, и не мислев никаква навреда со тоа. Ама пошто не прашуваш еве јас погледнав што е работа на Агенцијата за лекови:
https://malmed.gov.mk/надлежности/18) инспекциски надзор над лековите и медицинските средства;
20) активности на обезбедување на контрола на квалитетот на лековите и на медицинските средства;
21) спроведува мерки за следење на потрошувачката на лекови.
23-а) ги анализира и оценува сигурноста и несаканите ефекти врз испитаниците во клиничките испитувања;
23-б) врши инспекциски надзор над клиничките испитувања, несаканите дејства и неисправноста на лекот;
23-г) спроведува итна постапка за повлекување на готов лек и медицинско средство од промет;
23-д) планира и спроведува активности во доменот на систематска контрола на лекови
Ова се само некои од обврските и задолженијата на Агенцијата за лекови. Како што убаво се гледа, токму тие имале обврска преку контроли и инспекциски надзор да се осигураат дека се користат вакцини со важечки рок на траење. Посебно пошто една од обврските им е и „спроведување мерки за следење на потрошувачката на лекови“.
Како да се заврти работава, ти Симо, Влатче, и неколумина други овде, браните очигледна кривица на системот - на Здравството. Провидно е, и не ви успева.