Бојан, има многу научни трудови и студии кои укажуваат и ја анализраат поврзаноста на инфламациите со автоимуните болести. Едно основно пребарување ќе ти даде повеќе резултати одошто имаш намера да прочиташ. Разбирам дека ти би сакал една конкретна студија за конкретното прашање за кое сакаш одговор, но разбирањето доаѓа кога ќе вложиш време и ќе прочиташ повеќе такви научни трудови.
Сигурно не очекуваш дека сега ќе ти напишам елаборат (кој веројатно никој овде нема да го прочита).
Бајсикл, тезата е често обратувана во денешно време: Постои поврзаност на вакцините (но и храната, животната околина, и друго) кон развивањето на алергии. Денес имаме експлозија од алергии, над 30-40% од луѓето по целиот свет имаат некаква алергија:
http://allergiy.net/files/wao_white_book.pdf Алергиите предизвикуваат хронични инфламации, кои предизвикуваат автоимуни болести, кои пак предизвикуваат секакви болести и лоши работи:
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3349285/Тука се и многу други последици од алергии, како избегнување на цели видови храна што доведува до недостаток на одредени нутриенти, што повлекува други проблеми...
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC5056872/Бројот на алергиите постојано расте. Исто како што постојано се зголемува бројот на болестите од кои се вакцинираат децата, таму каде некогаш биле 10-тина болести сега бројката за вакцинирање е многу многу поголема. Постојано се влошува квалитетот на храната, индустриски хибриди и ГМО, кои имаат за цел повеќе профит на индустријата но не се наменети за добивање поздрава подобра храна за луѓето, се зголемува употребата на хербициди и пестициди, се зголемува загадувањето на животната средина. Итн, итн.
Кој сака објективно да ја види поголемата слика, има што да види. Симо и Бојан можеле и друг пат да ги прочитаат студиите од линковите, пошто и друг пат ги имам покажувано. Но и сега нема да ги прочитаат, како што не ги прочитале и во поранешни прилики. Полесно е да се набута главата во земја, и да се остане затворен за се што е непријатно за читање, и за знаење.