Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1467412 пати)

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8770
  • Пичлеме
Другар, навистина не знам како стојат работите со материјалите од кои се изработени вакцините... најверојатно се добри и ги користат.

Самата дефиниција на името целуларни вакцини, на жалост не кажува доволно.
Претпоставувам дека е редно да објаснам.

@MartinAlfista друже слушај внимателно, те молам. За да не навијаш како навивач без да знаеш за што зборуваме. И впрочем и Симо, и Дени, и сите други кои работиве ги тераат од навијачки аспект. Демек „про-наука“ е да веруваш во пропаганда, наместо да бидеш љубопитен и секогаш да се обидуваш да научиш нешто повеќе.

Но не сакам да ве антагонизирам. Само сакам да објаснам... Затоа ајде со ред.

Прво, содржината на вакцините може да бидат мртви или живи вируси... Споредбата за ефикасноста не е спорна, ефикасни се и двете. Тоа што малку се знае е дека вакцините со живи вируси предизвикуваат многу повеќе лоши последици  - а лоши последици постојат, иако Симо би сакал да ве убеди во лагите со кои го излажале него.

Значи сега зборуваме за тоа кои се побезбедни вакцини.
Воопшто не зборуваме да не се вакцинираат децата. Зборуваме за избегнување на вакцини со живи вируси.

Уште еднаш, многу побезбедни се вакцините со инактивирани (фенски медицински назив за МРТВИ) вируси.
Но тоа не е се, пошто фантастичната, фината, преубава, НАУКА... Таа не запрела со развојот со пронаоѓањето на вакцините со мртви вируси. Напредоците во медицината се дојдени до таму да за многу вируси се иденетифицирани конкретните антигени кои го предизвикуваат имуниот одговор на организмот, и складирање на дата за вирусот во базата на податоци за вируси, на имуниот систем. Инаку сега е право време да се погледне јутјуб видеото што го покажа Дени, за илустрација на тоа како работи имуниот систем (сипаниците се опишани во тоа конкретно објаснување).

Тие вакцини кои не само што немаат живи вируси во себе, туку немаат ни цели клетки од мртви вируси, тие вакцини се нарекуваат „пречистени“ или АЦЕЛУЛАРНИ ВАКЦИНИ.
Во ацелуларните вакцини ги има само конкретните антигени кои се доволни за да се развие имунитет кон дадениот вирус - БЕЗ НЕСАКАНИ ПОСЛЕДИЦИ. Ова последново е намерно со големи букви, затоа што последици ИМА. Последици има кај некои деца, без разлика што пропагандата кажува дека „процентот бил многу мал“.

Ацелуларните вакцини се најбезбедните вакцини. Прашувајте за нив, барајте ги нив. Правете притисок за само такви вакцини да се употребуваат. Или во најмала рака, вакцини со инактивирани (мртви) вируси.

Пред да ви го покажам следново видео најдолу, како илустрација што се случува некогаш кога се дава вакцина со жив вирус... Само да ве информирам дека нашето здравство купува мала количина од ацелуларни вакцини. Званичното објаснување е дека тие се за болни и ранливи дечиња. Но тоа како и многу друго, е лага. Најквалитетните вакцини се само за куртоните од власта, од елитата. Обичен смртник не може да припари до нив, без разлика дали има болно или ранливо дете. Без разлика што тој самиот ПЛАЌА ЗА ТИЕ ВАКЦИНИ, преку данокот што го зема државата.

Нејсе, еве го прво видеото со несреќното детенце кое од прва рака ќе ви покаже дека ПОСТОЈАТ НЕСАКАНИ ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕКВАЛИТЕТНИ ВАКЦИНИ.

Понатаму само ќе покажам еден новинарски текст за состојбата со ацелуларните вакцини кај нас во Македонија:
http://inbox7.mk/archives/1282
(текстот оригинално е објавен во Призма, но таму повеќе го нема)

Цитат
ПО ВАКЦИНИ ВО СОСЕДСТВОТО НА СОПСТВЕН РИЗИК

Македонија е единствената земја во Европа каде што децата се вакцинираат со обични вакцини кои одамна се исфрлени од употреба. Малото количество прочистени вакцини сега се даваат на привилегираните, а обичниот народ бара спас купувајќи во соседството
Напишано од Менче Точи

Текстот е изработен како дел од Проектот за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор ● Програма на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија ● Овој проект го спроведува БИРН Македонија, во соработка со  Центарот за граѓански комуникации, Центарот за истражувачко новинарство „СКУП Македонија“, истражувачката емисија „Код“ и дневниот весник „Коха“.

 

pregled1
Само до 18 месеци децата се боцкаа 13 пати | Фото: НОВА

 

Македонија е единствената земја во Европа каде што децата се вакцинираат со обични вакцини кои одамна се исфрлени од употреба. Пристапот до поливалентни, но и т.н. ацелуларни, високо прочистени вакцини, кои не предизвикуваат компликации за македонските граѓани се најавува дури од пролет идната година. Во меѓувреме малото количество прочистени вакцини сега  се даваат на привилегираните, а обичниот народ бара спас купувајќи во соседството.

Истражувањето на БИРН покажа дека купувањето на модерни, поливалентни вакцини во странство, најчесто во Србија и Грција, стана редовна практика, но и нелегален бизнис. Поединци заработуваат, лекарите замижуваат и во договор со родителите им ги ставаат на децата, а надлежните предупредуваат дека таквите вакцини се ризични поради недостаток од контрола при транспортот.

БИРН стапи во контакт со родители кои за своите деца купиле вакцини во некоја од соседните земји. Една млада мајка, која не сакаше да го откриеме нејзиниот идентитет, раскажува дека вакцините ги купила регуларно во аптека и во договор со лекарот децата ги вакцинира во некоја од амбулантите.

– Јас вакцините ги купив во Грција. Таму ми ги ставија во фреон, а потоа во алуминиумско ќесе. Патот не е долг, за 2-3 часа сме во Скопје и затоа не мора да стравуваме дека вакцината ќе загуби од својот квалитет. Во договор со лекарот, моите деца ги примаат вакцините во една од поликлиниките во Скопје, објаснува мојата соговорничка.

Децата во Македонија се бомбардирани со вакцини уште од моментот на своето раѓање, а ревакцинацијата продолжува до 14 години. Имунизацијата се врши за заштита од 11 болести. Машките деца до своето полнолетство имаат 18 боцкања, девочињата примаат дури 21 вакцина преку игла, а сите добиваат шест пати полио преку уста. Само до 18 месеци децата се боцкаат 13 пати

Таа открива дека цената на една петвалентна вакцина е околу 50 евра, а шествалентната ја купила за 60 евра. За вакцината против пневмококтни инфекции, која е задолжителна во европските земји, платила околу 50 евра. Оваа млада мајка вели дека и покрај високиот износ што го платила за вакцините, задоволна е што нејзините две деца примиле современи вакцини.

Во Министерството за здравство  потврдуваат дека знаат за оваа појава и предупредуваат на опасноста којашто доаѓа со нелегалното внесување на вакцините кои не се регистрирани во нашата земја.

Доктор Јованка Костовска, од Секторот за превентивна здравствена заштита во Министерството за здравство, за БИРН вели дека оваа појава полека прераснува во нелегален бизнис. Костовска објаснува дека родителите нарачуваат вакцини по поединци кои ги купуваат во соседните земји, тие набавуваат за повеќе луѓе и со тоа заработуваат. Таа предупредува дека родителите со оваа постапка го изложуваат на голем ризик здравјето на своите деца.

jovanka kostovska
Купувањето вакцини во странство стана нелегален бизнис кој носи ризик за децата – Јованка Костовска | Фото: Менче Точи

– Луѓето не знаат како се чувани вакцините во аптека, можеби стојат во обични фрижидери, а што ако во некој момент снемало струја? Не е сигурен ниту транспортот, ако патроните во рачниот фрижидер се замрзнати, тогаш замрзнува и вакцината. Вакцините се чуваат на температура меѓу 2 и 8 степени, таа не смее да биде ниту повисока ниту пониска, бидејќи може да предизвика несакани реакции или да нема никаков ефект по примањето, како да е обична вода, објаснува Костовска за БИРН.

И професорката Александра Грозданова од Фармацевтскиот факултет предупредува дека ниските температури што мораат да бидат обезбедени при транспорт на одредени вакцини, можат да влијаат и врз нивната исправност кога родителите на своја рака ги купуваат вакцините.

– Ова може да резултира со намалување на ефикасноста на вакцината или на нејзината безбедност, вели Грозданова.

Во Министерството порачуваат дека е подобро родителите да причекаат да се увезат поливалентните вакцини бидејќи во тој случај државата ја презема одговорноста за сигурноста на вакцините. При нелегалното внесување,  одговорноста е на родителите и на лекарот кој ја дава вакцината.

Меѓу првите со вакцина за ХПВ, последни со поливалентните

Македонија е единствена земја во Европа која задолжителната имунизација не ја модернизирала со децении. Вакцините кои ги примале нашите мајки и баби сè уште ги примаат денешните млади генерации. Здравствените власти поливалентните вакцини ги најавуваат уште од 2010 година.

ministerstvo za zdrastvo
Македонија е единствена земја во Европа која задолжителната имунизација не ја модернизирала со децении. Во Министерството велат дека заради големата побарувачка за овој тип вакцини, тие во Македонија ќе стигнат најрано до март – април идната година | Фото: Менче Точи

Министерот за здравство Никола Тодоров пред извесно време најави дека годинава ќе бидат набавени овие вакцини и дека набрзо ќе биде распишан и тендер. Но, во Министерството велат дека заради големата побарувачка за овој тип вакцини, тие во Македонија ќе стигнат најрано до март – април идната година.

Оттаму, истовремено велат дека Владата мора да гарантира дека во наредните пет години ќе се обезбедуваат финансиски средства за овие вакцини.

Што се однесува пак до квалитетот на вакцините, во Министерството за здравство велат дека вакцините што се набавуваат се безбедни и квалитетни. Сепак, во последните неколку години на тендерите добиваат понудувачи кои нудат најниски цени. Тоа е така бидејќи стратегијата што уште на почетокот од своето доаѓање ја промовираше министерот за здравство Никола Тодоров е дека на тендерите пресудна ќе биде цената, а не квалитетот.

И додека за поливалентните вакцини се калкулира со година поради цената, Македонија беше меѓу првите земји во светот која  ги увезе во 2009 година вакцините против ХПВ вирусот и тоа за кратко време откако вакцините беа одобрени за употреба, по што веднаш кај нас станаа задолжителни.

Набргу се покажа дека имунизацијата со овие исклучително скапи вакцини,  наменети за девојчињата од 12 години, доживеа целосно фијаско. Опфатот на вакцинирање со оваа вакцина е нешто над 40 насто.

– Купувањето на вакцини во странство и не е толкав проблем. Поголем проблем е тоа што државата увезува нови, скапи вакцини кои се купуваат заради бизнис-интереси на одредени фармацевтски моќници со власта, како што е примерот со набавката на вакцините против ХПВ, вели млада мајка која купува вакцини за своите деца во странство.

Таа, како и некои од родителите кои исто така со вакцини се снабдуваат во странство, ни посочи дека вакцините против ХПВ чинат исто толку колку што би чинело комплетно да се модернизира имунизацијата во државата. Но, за здравствените власти ова прашање очигледно досега не беше на дневен ред.

Прочистените вакцини се за привилегираните

lili velickovska
Моето дете не доби шанса да се вакцинира со ацелуларна вакцина – Лили Величковска | Фото: НОВА

Единствено место во Македонија каде што се набавуваат поливалетни вакцини е Клиниката за детски болести. Таму еднаш годишно се набавуваат по 1.500 дози ацелуларни, прочистени вакцини наменети за предвреме родените бебиња или. пак, за деца кои имаат кревко здравје, а нив може да ги примат само 500 деца од државата (по три дози за едно дете). Но, овие вакцини ретко ги добиваат тие деца на кои навистина им се потребни.

Четиринаесетмесечната Ева е родена предвреме со само 1.700 грама, но и покрај тоа не добила шанса да прими вакцина која не предизвикува компликации.

Нејзината мајка Лили Величковска раскажува дека за тоа кому ќе се дадат овие вакцини треба да одлучи посебна лекарска комисија, која, за жал, практично не функционира. По пет-шест месеци чекање, повторно отишла кај лекарката за да ја замоли нејзината ќерка Ева да ја прими вакцината.

– Таа ми рече не и не, мене ќе ме избркаат од работа! Зошто да ја избркаат од работа, затоа што сакам да вакцинирам дете кое е родено во 31. недела со 1.700 грама, изјави револтирано Величковска.

По безуспешно тропање од врата на врата, откако категорично била одбиена од клиниката, Ева со задоцнување од една година ја примила обичната, целуларна ДТП-вакцина (дитепер), која предизвикува висока температура, вознемиреност, но и разни други компликации кои со себе носат голем ризик.

Величковска обвинува дека многу деца кои се предвреме родени или имаат здравствени проблеми немаат можност да ги примаат овие вакцини, бидејќи со помош на ургенции голем дел од нив им се даваат на здрави деца.

Во една пригода со една медицинска сестра од Детската клиника, кога ја прашав: „Добро за кого се наменети овие вакцини? –  таа револтирано ми одговори: „За деца на партиски моќници, политичари, бизнисмени, актери, на пејачи“ – изјави огорчено Величковска.

Неофицијално, од вработени на Клиниката кои сакаа да останат анонимни, дознаваме дека често доаѓаат луѓе на раководни функции, наводно со препораки од некои структури, ги заплашуваат медицинските сестри и лекарите дека се испратени од „горе“ и тие во страв им ставаат вакцини на нивните деца.

– Мене ме испрати висок функционер во едно  министерство за моето дете да прими ацелуларна вакцина. Веднаш ќе се јавам таму ако не му ја дадете вакцината на детето,  се заканувал  пред некој ден еден господин на медицинскиот персонал на Одделот за имунологија,  дознава БИРН од извори во болницата.

detska klinika
Единствено место во Македонија каде што се набавуваат поливалетни вакцини е Клиниката за детски болести | Фото: Менче Точи

Директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова, иако ни вети изјава, не ја коментираше ваквата состојба, но во една прилика, пред една година, таа призна дека има големи притисоци и ургенции за овие вакцини.

– Кога ќе почнат да притискаат, мене ми е дури и непријатно, знаејќи дека имаат предност деца кои поминале низ интензивна нега или имале некој проблем, се наоѓам во непријатна ситуација, изјави тогаш Софијанова.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат велат дека децата што примиле вакцини од странство се водат како вакцинирани, а податоците се внесуваат во картонот за да не се случи грешка повторно да бидат вакцинирани. Но, нагласуваат дека одговорноста во овие случаи е кај лекарот кој се согласил да го вакцинира детето.

Стравот го намалува опфатот на вакцинирањето

Борбата на родителите нивните деца да добијат т.н. „прочистени“ вакцини како и отпорот кон вакцинирањето, воопшто, се засилуваат пропорционално со кампањата против вакцинацијата која глобално ескалира. Случаи на смрт на доенчиња по вакцинирањето во Македонија официјално не се регистрирани.

Според официјални податоци добиени  од Министерството за здравство во Македонија не е регистриран  ниту еден смртен случај како резултат од примена вакцина. Минатата година имало регистрирано 40 несакани реакции, со висока температура, алергиска реакција на кожата, 2-3 случаи со конвулзии и грчеви

Сепак, Бранко Тркалески од прилепското село Заположани, сè уште се прашува од што почина неговото внуче, веднаш  по примената вакцина против БСЖ.  На новороденчето три дена по раѓањето медицинската сестра му ставила  вакцина во сон,  по што никогаш не се разбудило. Тркалески раскажува дека во добиениот обдукциски наод не пишува од што починал неговиот штотуку роден внук.

– Ние ги собравме сите податоци од матичниот гинеколог од каде што се гледа како се одвивала  бременоста и дека внук ми се роди здрав. Министерот Тодоров сè уште  не ми одговори од што почина моето внуче. Затоа решивме да покренеме судска постапка против болницата во Прилеп, изјави Тркалески.

Овој случај кај родителите отвори многу прашања и дилеми. Дали вакцините во државата се квалитетни и безбедни, предизвикуваат ли зачестени несакани ефекти и колку се запазува рокот на траење? Дали вакцините се избираат според квалитет или според цената?

Овој случај дополнително ја засили кампањата која  заговара антивакцинација. Главните аргументи против вакцинирањето се тврдењата дека тие предизвикувале разни оштетувања и болести кај децата поради нивниот состав во кој има жива, алуминиум и формалдехид.

На оваа кампања, која добива сè поголеми размери, се придружуваат сè повеќе родители, но има и лекари, фармацевти и хомеопати. Во Здружението на родители кои се против вакцинацијата велат дека надлежните ги  држат во тајност податоците од штетните ефекти од вакцините. Сепак, ниту еден претставник од ова Здружение со кој контактиравме не сакаше да излезе јавно со аргументирани податоци.

– Само една од мајките се бори со институциите, другите се плашат. Но, еве и таа не може да најде лекар кој ќе го изработи вештачењето за на суд , велат од Здружението.

Група родители годинава поднесоа претставка до Уставниот суд за да се укине задолжителната вакцинација. Родители од Здружението„Право на избор, слобода над сè“ од Државната и санитарна инспекција бараат да му наложи на Министерството за здравство да утврди унифицирана современа постапка, со која родителите детално ќе се информираат за позитивните и негативните ефекти од вакцините.

Од друга страна, пак, професорката Грозданова вели дека возраста на децата кога се примаат повеќето од вакцините, е периодот кога кај нив се забележуваат и првите состојби кои се асоцирани со аутизам.

– Ваквата т.н. коинциденција на здравствената состојба, кога заболувањето се јавува во одреден временски период по примање на вакцината, не значи дека вакцината е таа  што го предизвикала заболувањето, вели Грозданова.

Од Здружението на родители против вакцинацијата тврдат   дека имаат податок дека шест деца се заболени од дијабетес по примањето на МРП вакцина, а за шестмесечно бебе од Битола велат дека починало како резултат на дитепер вакцина

– Новите научни сознанија упатуваат на постоење на одредени генетски фактори кои се асоцираат со аутизмот. Пред само неколку недели во еминентното научното списание „Вакцини“ (Vaccines, од 9. 5. 2014 год) беа објавени резултатите од обемна мултицентрична клиничка студија, во која беа опфатени над еден милион деца, која без сомнение потврди дека не постои поврзаност помеѓу вакцините и аутизмот. И други состојби и заболувања, како дијабетесот и одредени невролошки заболувања се асоцираат со примањето на вакцини, но не постојат научни студии кои тоа можат да го потврдат, изјави Грозданова.


Официјалните податоците од Институтот говорат дека опфатот на вакцинацијата против  мали сипаници, рубеола и заушки (МРП) на ниво на држава е релативно висок и изнесува 96,1 %.  Меѓутоа, веќе се забележува намалување во Скопје, каде што опфатени се  94,6 %, Тетово 94,1 % и Крушево во со 93,4 % од децата. Ревакцинацијата со вакцината против МРП на ниво на држава е 94,2 %, а најмал одѕив има во Гостивар со 85,2 %.

Со ДТП-вакцинација (против дифтерија, тетанус и голема кашлица)опфатот на ниво на држава  е 98,2 %, но со секоја наредна ревакцинација има забележително намалување. Во таа смисла драстични примери се Штип, со опфат од 77,6 % во трета и Гостивар со 83,3 % во четврта ревакцинација.

За оние родители кои нема да ги вакцинираат своите деца, законот предвидува глоба од 300 до 650 евра, но ако родителите се јават на постапка на порамнување, казната се намалува за половина од овој износ.

Преземено од Призма
Јако изгледа олкав реферат цитиран ;D

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7884
  • Плинаш!!!
Точно и кикиритката убива ако си алегичен! Затоа постојат алерго тестови.
Туку друго ми е муабетот. Дванаесет луге фатиле морбили и прогласуваат епидемија. А колку дечиња останале со траен инвалидитет(сигурно многу повеќе од 12, само јас сим сведок на 4-5 дечиња) поради таа вакцина? Зашто едноставно не ја заменат таа вакцина со поквалитетна или зашто не прават прво испитувања на децата пред да ги вакцинираат? Тоа се кошта и пари и време. Едноставно не сакаат да се замараат за твоето дете. Кога се работи за нивно дете, тогаш имаат и пари и време.





Sent from my Huawei P Smart using Tapatalk


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5299
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
@ZilePunto за нивните деца не се секирај, за нивните деца има ацелуларни вакцини. Прочитај го поубаво „рефератот“ што го постирав погоре.

Целуларни вакцини треба да има не само за куртоните од политичката елита, туку за сите што плаќаат данок. Ако мора да штедат, нека штедат на неплаќачите кои не работат и се шлепаат на социјална помош.



И кикиритка може да те убие, ако си алергичен на неа. Не труби, несакан ефект има се околу тебе.

Sent from my HUAWEI GRA-L09 using Tapatalk

Точно друже „трубаЧ“, од алергии дефинитивно може да се умре.

Моментално 30-40% од луѓево по целиот свет имаат некаква алергија: http://allergiy.net/files/wao_white_book.pdf
Алергиските реакции варираат од разни осипи (дерматитис), инфламација и течење на носот, па понатаму посериозните реакции како астма и коњуктивитис - па се до најсериозната реакција анафилактички шок, кој неретко може да доведе и до смрт ако не се реагира бргу и веднаш.

Но дали си размислил од каде целиот тој наплив на алергии?
М’хм?

Ја спомна алергијата од кикиритки. Дали знаеш дека просечна возраст на појавување на оваа алергија е 12 месеци? Дали знаеш дека 40% до 60% од децата алергични на кикиритки, дека страдаат и од астма, дерматитис (осипи) и дека истовремено се алергични и од други храни, но и од многу лекови и инсекти. Зборуваме за истите деца. Од нив повеќе од третина, или 35% доживеале анафилактички шок кога прв пат пробале кикиритка.
Поопширно: https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/29246346

Инаку анафилактичкиот шок е многу посилен и поопасен кога се присутни повеќе алегиски предизвикувачи. На пример кикирики и ореви, ако детето е алергично и на двете. Поопширно: https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/22815131
Дете кое не знаете дека е алергично на повеќе работи, првиот пат кога ќе ги проба заедно - може да има таква силна реакција, силен анафилактички шок, да практично времето за реакција (давање лек) може да биде неколку минути.


Што се алергиите?
Што ако не изменет и повеќекратно зголемен одговор на имуниот систем на нешто што (погрешно) го видел како закана: https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC5056872

Што се вакцините, ако не обид за контролирано репрограмирање на имуниот систем да реагира на вирусите?

Епа тогаш, колку е логично дека ваква силна корелација меѓу вакцините и алергиите, е баш заради тоа што вакцините предизвикуваат алергии? Имуниот систем е предизвикан да реагира за да се брани организмот. Со поливалентните вакцини, имуниот систем истовремено се справува со повеќе закани. 8 поливалентите вакцини значат дека имуниот систем истовремено се справува со дури 8 опасни вируси - и тоа е паралелно со сите вообичаени секојдневни закани по здравјето.

Се разбира, вирусите во вакцините се во ослабена форма, но дали разбирате дека во таква „раздразнета“ состојба на имуниот систем - дека тогаш одбраната се активира да регистрира многу релативно безбедни работи како закана.
Работи како разни видови храна и материјали од денешното секојдневие.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер
https://youtu.be/2X7SabQBCJw

За алергијата од кикирики.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5299
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Дали внимателно го догледа делот каде што велат дека истражувањето се однесува на блага алергија кон кикирики и дека „би можело да ја подобри состојбата ако се пристапи кон давање мали количини кикирики внимателно и безбедно“. Тоа е лекарски надзор „внимателно и безбедно“ а ако твоето дете добие анафилактички шок и не реагираш бргу, детето може да ти умре. И тоа е само за кикиритките, што правиме со сите други ИЛЈАДНИЦИ алергии?

Видеово е анекдота. Никако не објаснува од каде целиот тој наплив на алергии, откаде 30-40% од светската популација имаат некаква алергија.
Научните студии од http://www.ncbi.nlm.nih.gov го објаснуваат тоа. Само на жалост тие не можат да се филмуваат во 4мин клипче лесно за консумација од широка публика.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10185
Пред 500 години се умираше или од насилство, несреќа или од СМРТ.
Денес, никој не умира од СМРТ...

Пред 2,30 години, 4 милијарди.
Денес, дупло. Нормално дека бројките ќе бидат дуплирани за што и да се збори.
На тоа да се додадат модерните трендови, тргнувајки од навики на живот па се до поголема достапност на информации\ дезинформации.

Да се сетиме само на пеницилинот, каков пробој е направен со него...
Без вакцинација, каде би биле денес?

Што се однесува до поливалентни вакцини немам личен став.
Но што се однесува до имунолошкиот систем, знам дека секојдневно, секој час, секоја секунда се справува на "десетици фронтови". Никогаш не е на пауза ;D
Така, не гледам некоја разлика дали вакцините биле 2 валентни, 5 валентни или 8 валентни, се додека имунолошкиот систем не е опаднат од претходна инфекција. Затоа се внимава да е здрав организмот при примање вакцина, па макар била "најпроста".

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5299
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
што се однесува до имунолошкиот систем, знам дека секојдневно, секој час, секоја секунда се справува на "десетици фронтови". Никогаш не е на пауза ;D

Точно, но тие секојдневни "десетици фронтови" не се животозагрозувачки вируси специјализирани за разни аспекти и слабости на имуниот систем (погледај го видото од Дени за сипаниците, да видиш за што е специјализиран тој вирус).

Значи тоа се вируси кои тригерираат аларми на многу нивоа, и никако не можеш да ја споредуваш таа работа со работата што ја врши имуниот систем со секојдневните бактерии па и вируси.

Или да банализирам со една илустрација, тоа е како сега ти си ја средуваш градината - и наеднаш тебе некој ти вика ајде друже, еве ти ја мотиката и имаш сега и плус уште една цела нива од два декари да ја прекопаш. Нема споредба со градина од 0.3 декари, така? Затоа немој сега вака со баби и жаби, секојдневни бактерии и вируси да ги споредуваш со вируси какви што се Полио, сипаници, итн.

Плус кај се тука надразнувачите како алуминум и жива, кои се користат за да го појачаат одговорот на имуниот систем. Тоа во нашава илустрација е како да те плашат волци и мечки додека ја копаш нивата од два декара... Не заебавај, полевај си го таму цвеќето во градината и ќути за копање ниви.  ;D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10185
ОК, ме убеди.

Доле влада ;D

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7884
  • Плинаш!!!
@ZilePunto за нивните деца не се секирај, за нивните деца има ацелуларни вакцини. Прочитај го поубаво „рефератот“ што го постирав погоре.

Целуларни вакцини треба да има не само за куртоните од политичката елита, туку за сите што плаќаат данок. Ако мора да штедат, нека штедат на неплаќачите кои не работат и се шлепаат на социјална помош.



И кикиритка може да те убие, ако си алергичен на неа. Не труби, несакан ефект има се околу тебе.

Sent from my HUAWEI GRA-L09 using Tapatalk

Точно друже „трубаЧ“, од алергии дефинитивно може да се умре.

Моментално 30-40% од луѓево по целиот свет имаат некаква алергија: http://allergiy.net/files/wao_white_book.pdf
Алергиските реакции варираат од разни осипи (дерматитис), инфламација и течење на носот, па понатаму посериозните реакции како астма и коњуктивитис - па се до најсериозната реакција анафилактички шок, кој неретко може да доведе и до смрт ако не се реагира бргу и веднаш.

Но дали си размислил од каде целиот тој наплив на алергии?
М’хм?

Ја спомна алергијата од кикиритки. Дали знаеш дека просечна возраст на појавување на оваа алергија е 12 месеци? Дали знаеш дека 40% до 60% од децата алергични на кикиритки, дека страдаат и од астма, дерматитис (осипи) и дека истовремено се алергични и од други храни, но и од многу лекови и инсекти. Зборуваме за истите деца. Од нив повеќе од третина, или 35% доживеале анафилактички шок кога прв пат пробале кикиритка.
Поопширно: https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/29246346

Инаку анафилактичкиот шок е многу посилен и поопасен кога се присутни повеќе алегиски предизвикувачи. На пример кикирики и ореви, ако детето е алергично и на двете. Поопширно: https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/22815131
Дете кое не знаете дека е алергично на повеќе работи, првиот пат кога ќе ги проба заедно - може да има таква силна реакција, силен анафилактички шок, да практично времето за реакција (давање лек) може да биде неколку минути.


Што се алергиите?
Што ако не изменет и повеќекратно зголемен одговор на имуниот систем на нешто што (погрешно) го видел како закана: https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC5056872

Што се вакцините, ако не обид за контролирано репрограмирање на имуниот систем да реагира на вирусите?

Епа тогаш, колку е логично дека ваква силна корелација меѓу вакцините и алергиите, е баш заради тоа што вакцините предизвикуваат алергии? Имуниот систем е предизвикан да реагира за да се брани организмот. Со поливалентните вакцини, имуниот систем истовремено се справува со повеќе закани. 8 поливалентите вакцини значат дека имуниот систем истовремено се справува со дури 8 опасни вируси - и тоа е паралелно со сите вообичаени секојдневни закани по здравјето.

Се разбира, вирусите во вакцините се во ослабена форма, но дали разбирате дека во таква „раздразнета“ состојба на имуниот систем - дека тогаш одбраната се активира да регистрира многу релативно безбедни работи како закана.
Работи како разни видови храна и материјали од денешното секојдневие.
Не треба да читам ништо. Сите тие работи ги имам видено во пракса, кај нас на клиниките. Затоа и зборам.

Некој погоре искоментира дека детето треба да е 100% здраво за да прими вакцина. Од каде да знам дека е 100% здраво ако не покажува никакви симптоми? Со диши диши не се утврдува дали организмот во моментот не се бори со некаква болест.

Sent from my Huawei P Smart using Tapatalk


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Намалете со цитирање ќе треба да се вакцинирам од скроловање...

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7119
Van, заеби вакцини, кажи кинезите што завера прават со слетување на Месечината...

Ваков експерт на сите полиња највише се цени во утринските емисии, таму се јавуваат и прашуваат "Што е темата... пуцајте"

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6504
За мене зборуваш?
Многу си брз :D, за тој над тебе.


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43920
  • Il Moderatore
Јас ништо не разбрав од текстов освен дека е некој фејк њуз измешан со некои реални вести.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.